#25
Отприлика од исти разлог због кој камиказите пред да полетаат стаале кацига на глава. Чисто ради заебанција.
Отприлика од исти разлог због кој камиказите пред да полетаат стаале кацига на глава. Чисто ради заебанција.
Тоа ти е скоро исто како она на Шекспира, само ова го кажуеш коа сакаш да умлатиш некого, па ај пред тоа као малку паметен да испаднеш а тоа другото се кажуе у врло одреѓени ситуации, коа е више онака, шо би се рекло, враг је однео шалу.
Види бато, не знам ја баш што ќе ти на тебе таа работа, млад си ми ти уште некако за таков вид сусрети. Али ако више си запнал, набери од тие едни гљиви, пупавки шо ги викаат мештаните, па напрај еден ручек, Господ да те види.
Зато што јазик не е мишка па да имаш влакна по него. А тоа Гол пиштољ играше едно време у ќино напредак, ама ако ми текнуе волкуцка за шо тоа стануеше муабет у него, еве на.
Све као да ми се чини дека ти ја засадива ондека стаклара кај шо беше ако ти текнуе, е па позади у тоа брдото. А може па и лошо да сум вишол.
Ја ако се питам, ни едната ни другата не знаат пинџур да напраат баба како шо го праеше.
А ти шо мислиш, зашо се вика поток а не некако другачие?
Тој муабет потекнуе од едно друго време. Ти, на пример, имаш онакво за прање аута. Доаѓа со службеното ауто шоферот на фиљан тој и тој и прашуе: - Колку е бе, перење ауто? Ти му викаш, пример - стопеес денара. Он на тоа ти вика да му напишеш признаница на шесто денара а он да ти плати триста, тоес дупло него шо си му побарал. Ти праиш така и си ќарил дупло, он стаил дупло поише од тебе у џеп, ама и ти опростил шо си испаднал џубре према газадата негов и ти платил пола него шо пише на признаницата. И после, така си праите секој ден, пошто не може да му е прљаво службеното ауто на фиљан тој и тој. Сфаќаш сеа? Е, ама после ги уведоа ова фискалниве и си иба мајката све.
Не е Ѓеврекот крив за ништо, табла си играше чоекот, Тофо е крив шо се опичи со томосот у на Ѓеврек ладата и тоа паркирана. А додуша не е ни он многу крив, пошто ми кажуеше после у болница, му се заглаила влечката под тоа гајбата шо ја држеше меѓу ноги док тераше мотор накај нас со пивото, така да никако не бил у стање да стисне на кочница. Ама нема везе, сеа кај и да е, за пар недели ќе му го симнат гипсот, така да нема више ни да се познава дека кривел некад. Да не веруе човек бе, стално за свенешто ви е Ѓеврек крив. Свашта, значи.
Зато што никад не се тушираш у кујна, па таман док си со сапуњав г'с наеднаш да почне врз тебе да врне град, пошто твоите се дале у штедња и го пуштаат бојлерот да се грее по дваеспет секудни дневно. Па и уште се кљафтат као зелени док ти од купатило урлаш као да си отиден кај железничарот. Закључак, исто си е ладна водата као у кујна, така ти се чини само, због шо се шпараџии тие твоите по дома.
Видиш, почитуено Средње уво, ова у задње време шо го праат овие со тоа гипс картоните коа градат, и ја сум на мишљење дека има превршено мера до немајкаде. Па не може бе, пизда му матер, они за да заштедујат на граѓевински материјал, мене сабајле да ме будат едно 40 аларми и будилници од сите околни станови, пет минута покасно коа перам зуби да имам комплетен увид у имањето или немањето нужда на едно дванаес спрата по вертикала а навечер околу девет да сум побогат за сознание дека комшијата од шести, вероватно због ради тој новиот лек шо почна да го пие, има побољшано просек у времетраење на обављање брачна дужност за цели 12 секунди у однос на прошлиот месец и дека кај и да е, до фебруар догодина ќе догура до три минута. Така да ти уствари џабе прашуеш, си знаеш ти арно шо си праиш, уместо да се саклдисуеш вака као мене. Ооп хелексот и мирна бачка.
Уствари, најпаметно би било да си купиш вокмен, илити сеа шо го викаат ајпод и да најдеш жена шо више има кола . Ем нема да праиш трошак два пута, и за кола и за свадба, ем ќе моеш слободно да се олешуеш по кафани, она да те враќа дома со колата а ти да им праќаш пољупци на џандарите шо се кријат по грмушки, со она куралото шо се дува у него. А она ко ќе ти мрчи додека те таксира, скришно го стааш ајподот на уши и бркаш работа. Само глеј увек да ти е тазе напунета батеријата у ајподот, иначе си го наебал.
Еве, рецимо дека треба да се дадат три влакна од косата за еден грош, ќе бидеш ли сеа љубазна да ми објасниш колу е тоа "еден грош"? Колку е ДДВ на еден грош, 0,18 гроша? Колку е тоа у евра? Конвертибилна валута ли е тоа грош и како ке напраиш девизна уплата ако треба пример да нарачаш од Кина еден контејнер влакна, по 0,11 гроша секое уместо по 0,33 колку шо се овде, пошо од Кина нели све е поефтино? Вака полесно ти е за спиење сеа?
Имав еден другар со една нога по име Ванѓел шо ги знаеше овие работи. Он продаваше онакво шо е едно, млеко за бебиња у прах, па го отпуштија и сеа појма неам кај е, али ако го сретнам, ќе го прашам и ќе ти кажам.
Тоа највише зависи од тоа кај искачаш.
Мада и тие шо као не пијат вода коа се навечер у елеменат, сабајле ко ќе се разбудат, г'лтаат по три до пет чаши на гладно, пошо така имаат прочитано на некој од ова порталиве, демек ако пиеле вода на гладно, кожата ќе им станела као бебешки газ. А тоа уствари, тие од порталите само ги навлекујат да им стискаат лајкови таму. А тие па, да ги праша човек шо ќе им ги тие лајкови, еден ако има да ти објасни, да доеш да ми кажеш: - Ѓерасиме, везе немаш значи ни со вода ни со нишо.
Мислам да тоа има некоја врска со твојата склоност да мењаш гаќи еднаш у две недели. И пази, мислам дека не ќе да е дека само она неќе, стопосто си покушал ти тоа и со други и они неќеле од исти разлози, само ти е глупо сеа да признаеш дека си пробал да го превариш девојчето, без разлика шо она те има откачено уше одма од коа си пробал тоа првпут со неа.
Не, и белите и црвените треперат цели, буреците треперат у три четвртини, срцата чукаат у седум осмини, пенал не се пуца од шеснаестерац и тако даље.
Не е толку комплицирано као шо ти личи на прв поглед.
Едино да пробаш со јајце на око, ама јас да сум на твое место, не би праел такви експерименти, зашто видиш какво е времево безвезе, може да се издеси луѓе свашта да помислат после.
Знаеш ли ти што е тоа што има осум пара гаќи, еден прслук и пее по шума ?
Снежана и седумте џуџиња.
Ете, затоа.
Со самото тоа што главниот проблем у животов ти е како да "слушаш музика" од компјутер, немаш ти баце Петре потреба од никаков специјално добар DAC (дигитално аналоген конвертер). Пошто поише од сигурно е дека од компјутерот ќе си пушташ емпетрошки, у која год и да се резолуција снимени, специјално добриот DAC најверојатно би ти служел за да се курчиш пред другарите и комшиите, иначе сигурно нема да приметиш некоја разлика во квалитетот на сигналот меѓу оној што ти искача од аналогното пинче на лаптопот и оној сигнал што (од коа претходно ке го сјебеш со емпетрошката) ќе го пропуштиш дигитално до некој DAC од пар иљади евра, па од таму пак со пинчиња ќе го тераш до претпојачалото од интегрираното ти појачало. И не туку кажуј тука лампашки појачала, пошто - на што звучки ќе го тераш лампашот, бе? Мислиш така е тоа? Затоа, смањи малку доживљај и оди купи си зимски гуми, пошто овие сеа ќе почнат да казнуваат, да не платиш еден DAC негде на пут до Маврово или Шапка, сеа ко ќе падне снегов.
Затоа што ако држиш затворена уста, значи дека ќутиш а пошто ќутање е злато, ко ќе туриш златна маскара има да биднеш као оној Азис, Божемепрости. А вака со отворена уста, фино ќе си личиш на Мерилин Менсон, како шо е редот.
Превише знаеше. Така ти е коа си имаш со мафијаши работа.
Од 9 до 5, сабота до 2, у недела не работат. И магнетите се луѓе.
Зашо, мислиш дека ќе ја фати незгодно од луѓе шо гледаат, па ќе ти дае десет уместо пет денара?
А фискална шо немате бе никој, ни тие по семафори, ни на мост, ни никаде?
Ај седни учи таму, ќе ми просел он.
Слободно можеш да го почнеш и со "Драги Салвадор".