Герасим - Прашање #10

Од
Драган
Прашање

Драг Герасим, Во песната „Подарок" на Маријан Стојановски, тој вели „ко роза бела трепериш цела".Ме интересира дали само белите рози треперат цели, а другите не? Можеби црвените треперат пола или 3/4 и тн. Ова не ми е јасно.Поздрав

Одговор

Не, и белите и црвените треперат цели, буреците треперат у три четвртини, срцата чукаат у седум осмини, пенал не се пуца од шеснаестерац и тако даље.

Не е толку комплицирано као шо ти личи на прв поглед.

4 декември 2013 - 20:10