Герасим - Прашање #7
Со самото тоа што главниот проблем у животов ти е како да "слушаш музика" од компјутер, немаш ти баце Петре потреба од никаков специјално добар DAC (дигитално аналоген конвертер). Пошто поише од сигурно е дека од компјутерот ќе си пушташ емпетрошки, у која год и да се резолуција снимени, специјално добриот DAC најверојатно би ти служел за да се курчиш пред другарите и комшиите, иначе сигурно нема да приметиш некоја разлика во квалитетот на сигналот меѓу оној што ти искача од аналогното пинче на лаптопот и оној сигнал што (од коа претходно ке го сјебеш со емпетрошката) ќе го пропуштиш дигитално до некој DAC од пар иљади евра, па од таму пак со пинчиња ќе го тераш до претпојачалото од интегрираното ти појачало. И не туку кажуј тука лампашки појачала, пошто - на што звучки ќе го тераш лампашот, бе? Мислиш така е тоа? Затоа, смањи малку доживљај и оди купи си зимски гуми, пошто овие сеа ќе почнат да казнуваат, да не платиш еден DAC негде на пут до Маврово или Шапка, сеа ко ќе падне снегов.