#100

Од
Дал тон
Прашање

Зашо коа ќе се роди дете се праат мекици? Ја на пример сум поише за питулици... евентуално гибаници

Одговор

Ма тоа ај некако, него ако се издеси да се праат мекици на посен празник, све се мислам дали уместо да ги пржат тоа мекиците у зејтиништа, на луѓето треба им се даде да сркнат по две три лажици директ од ванглата со тесто?

22 December 2013 - 09:00

#99

Од
Мене
Прашање

Геро, ако купам петел од Австралија, дали бре ќе ми кукурика у 5 попладне?

Одговор

Па дабоме дека ќе ти кукурика, да не сакаш со астрологија да се бави?

22 December 2013 - 06:00

#98

Од
astronaut
Прашање

Зашто на семафор као вртиш лево, десно се уклучува и семафорот за пешаци ?

Одговор

Не го зимај па ти тоа толку здраво за готово, терај си ко шо ти е ујгун тебе.

21 December 2013 - 18:00

#97

Од
Брат му на Горан
Прашање

Ѓерасиме, како може и волкот да е сит, и овците да се на број? Да не има некој волк вегетаријанец шо е?

Одговор

Тоа уште од антички времиња е шифрирана порака која значи дека волкот у тој случај се фокусирал на овчарот, тојест овчарот го изел курот. Детали не се познати.

21 December 2013 - 15:01

#96

Од
краен случај
Прашање

До коа ќе ме дупат у протеза ради крив нос?!

Одговор

Ќути таму и биди среќен шо немаш камен у бубрег или хемороиди.

21 December 2013 - 12:00

#95

Од
imoverhere
Прашање

Дали утре ради маглата ќе слетам у: а) Охрид; б) Софија; в) Нема ни да полетам ?

Одговор

Само глеј у некој ендек да не слеташ, све другото уопште не е битно за разгледуење.

21 December 2013 - 09:00

#94

Од
Анѓа
Прашање

Кај одат по нужда тие што работат у трафики?

Одговор

Кај најблискиот другар. Другарот по нужникот се познава.

21 December 2013 - 06:00

#93

Од
Бране
Прашање

Драги Герасиме, ме интересира кога ќе биде крајот на светот и дали следниот ден ќе биде неработен? Благодарам.

Одговор

Ќе каже доктор Оз кога. Неработна ќе биде првата следна сабота.

20 December 2013 - 18:00

#92

Од
Turbo biljlbilj
Прашање

Зашто е Шако полумента? Дали е другата пола липа или можда камилица? Или форава е со Дадо да напраат дует и да бидат Целомента? Молимте жута дуња зелен бор брзо чекам одговор, зоврев...само на ова мислам деновиве.

Одговор

Викаш паѓаат нешо роднини и со овој нашиов, шо ја прекрстива Лењинова по него?

20 December 2013 - 15:00

#91

Од
Пилот
Прашање

Зошто авионите немаат свирка?!?!?!?!?!?!?!

Одговор

Ма, немаат ни багажник за на кров, ручки за отварање џам исто така немаат, укратко многу се несавршени ко ќе ги заглеаш одблизу. Со рејс да си одиш ти. 

20 December 2013 - 12:08

#90

Од
Скептик
Прашање

Дали Американците стварно слетале на Месечината, или е жива превара?

Одговор

Стварно слетале. Превара е.

20 December 2013 - 06:00

#89

Од
име
Прашање

Зошто во месарница виршлите ги продаваат на парче, а кобасиците у паковање од 4 комада?

Одговор

Не ги продаваат на парчиња бе, цели ги продаваат, тоа те има некој изл'жано или си и ти некој рекла-казала, па им пушташ тука муабети на људите.

19 December 2013 - 18:00

#88

Од
Anakonda
Прашање

Зашто бе Гере веш машина кога во нејзе се преат и јамболии?

Одговор

Ма ти у неа моеш и ноги да испереш, али не би ти препоручил такви подухвати, опасно знае вртоглавица да фати од тоа центрифугата, па иди после објасни дома дека немаш конзумисано нишо жестоко од вчера нааму.

19 December 2013 - 15:01

#87

Од
Блажето разбираш
Прашање

Абре Герасимче, секогаш сум се прашувал дали зебрата е бел коњ со црни риги или црн коњ со бели риги?

Одговор

У суштина, зебра е пешачки прелаз. На неа скоро увек има по некој коњ, некад има и поише истовремено, мож' затоа и да ти се учинило. Али, углавном овие нашиве коњи се еднобојни, најчесто плави или наранџасти, така да не знам од кај ти е тоа со ригите?

19 December 2013 - 12:00

#86

Од
Перо
Прашање

Зашто колата ми почнува да ми дува топло тек кога ќе стигнам на работа?

Одговор

Затоа шо работиш одма онде прекопута и баш не сфаќам како не те мрзи да се возиш два минута а после тоа пола саат да бараш таму место за паркирање.

А ако ипак мислиш дека е до колата, не е лошо едно пет ќила зејтин да однесеш у црква. Ако не пројде од тоа, значи или ипак од првото е или па си се исклошарил и си претурал со инка у шишиња онаков некој зејтин, дома шо сте пржеле нешо у фритезата.

19 December 2013 - 09:00

#85

Од
Некоја и негде
Прашање

Дали реченицата: ,,Имам исаф`` кажува дека сум срценце по душа?

Одговор

Ако е така, онда реченицата "имам пролив" шо кажуе дека си по душа?

19 December 2013 - 06:00

#84

Од
zbunet
Прашање

З'ш у друштво стално ми викаат кај си бе пеер, а ја стр8 сум?

Одговор

А коа ти викаат "браос царе" ти се праи ќеиф на душичето пошо си стварно цар или шо?

18 December 2013 - 18:01

#83

Од
ruzha
Прашање

Што ќе биде ако во школо ја испеам "Another brick in the wall"?

Одговор

Ништо.

Али ако испееш од Саша Матиќ некоја тужна, ке ти трепкаат оние у тиграсто облечените (шо се уше од вчерашното искачање така облечени, пошто останале да спијат "кај другарка", за да не одат у ниедно време до дома, па после два-три саата пак назад до школо).

18 December 2013 - 15:00

#82

Од
Т
Прашање

Герасиме уште коо дете коа излегуев навечер, мојте дома стално ми викаа: "...и вечер пиј со усул!" Еве веќе со години само тој муабет, а јас никако да го најдам тој Усул за да се напиеме по една... Кај да го најдам???

Одговор

Значи цепки си, дас'ибеш.

18 December 2013 - 12:01

#81

Од
Коце Металец
Прашање

Дали Iron или Maiden?

Одговор

Дуран.

Евентуално и Дуран, внук му.

18 December 2013 - 09:01

#80

Од
неинформиран
Прашање

Герасиме, што значи „Ме боли снагата“?

Одговор

Тоа ти е едно стање после кое следи она другото, шо се вика: - ме чеша душата.

18 December 2013 - 06:01

#79

Од
Шш
Прашање

Ај за "кукуркку" знаеме сите, освен модерни деца што не знаат што е село. Ама кое бре животно вика "танте"?

Одговор

Тантор, на Тарзан слонот, ама модерни деца тоа па уше помалку знаат.

17 December 2013 - 18:00

#78

Од
Коле
Прашање

Како да знам, дали ме вара?

Одговор

Ич да не му ја мислиш, те вара стопосто.

17 December 2013 - 15:00

#77

Од
љубомир
Прашање

Имам електрична гитара и од кога е поскапена струјава еднаш ја немам пуштено. Чаре?

Одговор

Слушам и у Калифорнија од слични разлози не ја пуштаат тоа електричната столица. Сеа само ги колнат и им викаат срам те било, барабо једна..

17 December 2013 - 12:00

#76

Од
Полу геј или скроз геј
Прашање

Види, пред некој ден, нужда ко нужда отидов да се олеснам во ве-це. Се тоа нормално си идеше и кога дојде моментот да го избришам г'зот, дур го шмирглав со тоаалетната хартија ми дојде многу убаво, нешто као константен оргазам, само што оргазмот обично трае многу кратко. Ова траеше доооООоолго. Се прашувам дали сум можда геј?

Одговор

Не бе, само така се чешлаш.

17 December 2013 - 09:00