Герасим - Прашање #86

Од
Перо
Прашање

Зашто колата ми почнува да ми дува топло тек кога ќе стигнам на работа?

Одговор

Затоа шо работиш одма онде прекопута и баш не сфаќам како не те мрзи да се возиш два минута а после тоа пола саат да бараш таму место за паркирање.

А ако ипак мислиш дека е до колата, не е лошо едно пет ќила зејтин да однесеш у црква. Ако не пројде од тоа, значи или ипак од првото е или па си се исклошарил и си претурал со инка у шишиња онаков некој зејтин, дома шо сте пржеле нешо у фритезата.

19 декември 2013 - 09:00