Герасим - Прашање #19

Од
Spring
Прашање

Господине Герасиме, пријателче Геро, зошто се вели - признај, половина ќе ми ти се прости ?

Одговор

Тој муабет потекнуе од едно друго време. Ти, на пример, имаш онакво за прање аута. Доаѓа со службеното ауто шоферот на фиљан тој и тој и прашуе: - Колку е бе, перење ауто? Ти му викаш, пример - стопеес денара. Он на тоа ти вика да му напишеш признаница на шесто денара а он да ти плати триста, тоес дупло него шо си му побарал. Ти праиш така и си ќарил дупло, он стаил дупло поише од тебе у џеп, ама и ти опростил шо си испаднал џубре према газадата негов и ти платил пола него шо пише на признаницата. И после, така си праите секој ден, пошто не може да му е прљаво службеното ауто на фиљан тој и тој. Сфаќаш сеа? Е, ама после ги уведоа ова фискалниве и си иба мајката све.

5 декември 2013 - 15:00