Герасим - Прашање #18

Од
Херојот
Прашање

Зошто ѓеврекот е крив??

Одговор

Не е Ѓеврекот крив за ништо, табла си играше чоекот, Тофо е крив шо се опичи со томосот у на Ѓеврек ладата и тоа паркирана. А додуша не е ни он многу крив, пошто ми кажуеше после у болница, му се заглаила влечката под тоа гајбата шо ја држеше меѓу ноги док тераше мотор накај нас со пивото, така да никако не бил у стање да стисне на кочница. Ама нема везе, сеа кај и да е, за пар недели ќе му го симнат гипсот, така да нема више ни да се познава дека кривел некад. Да не веруе човек бе, стално за свенешто ви е Ѓеврек крив. Свашта, значи.

5 декември 2013 - 12:00