Балканштина

Господ понекогаш е оправдано отсутен

Го бараат оние јадници во Јемен, страдалници во Мијанмар, мигранти кои талкаат, сиромашни кои се гладни, луѓе кои се болни.... Ама па не се стигнува секаде. Некогаш дечкото е зафатен со апликациите за благослов на сериите и рејтинзите на Пинк телевизија. 

Под сенката на властите

Слично на нашите сливници и шахти, и владеачката СНС во Србија не изостанува во трката да ги исполни изборните ветувања, да ги испочитува роковите и на граѓаните да им подари проекти од трајна вредност за квалитетот на нивните животи. Во случајов, објект кој штити од дожд (хеј!) а богами и од сонце, ако под објектот се најдете во 12 часот напладне.

Тоа е тој муабет, на сите идиоти на светов

- Знаете дека непрописно сте паркиран?
- Знаеме,  знаеме.
- И?
- Што и?

Зока Босанац: Кај си Ружо....

Зока Босанац и Треш рекордс (Nomen est Omen) се класичари во смисла што доследно ги следат канони на жанрот кој го одбрале, во случајов турбо фолкот. Сè е испочитувано, тематски, музички, естетски, вредносно. Чујте и само замислете ја сцената кога во некој задимен кафански Чернобил, Зока ќе го почне рефренот (Кај си Ружо) а ордата ќе грмне и го доврши она што следува во оние три точки. Тандерстрак и AC/DC се елегични емоции во споредба со тоа.

Анти-македонска климатска пропаганда

Двете интелектуални грамади лагано муабетат во „јас тебе војводо, ти мене сердаре“ атмосфера. Сталоне ја фали Бугарија, пред сè нејзините работници, ама едно време му се пожалува на Бојко дека Бугарија зимно време знае да е многу ладна. Бугарскиот бог на хуморот на тоа ќе рече: „А во Северна Македонија да не е поубаво? Таму уште поладно е!“ Бојко бе, да пукнеш, нè пресмеа.

Хераклит лажеше, можеш два пати во иста река

Водостојот на Рашка деновиве бил највисок во последниве 40 години, објави градоначалникот на Нови Пазар, Нихат Бишевац. Имало опасност од излевање на реката особено што поради купишта довлечкано ѓубре, водата не можела да минува под лаковите на мостот. Ама затоа службите имаат багер.

Наместо годишен одмор, да се проба ова

Дечкото не оди на годишен одмор бидејќи нашол нешто што многу повеќе му врши работа. „Човек јаде, пие, баш психички одмори,“ вели гуруто за својата оаза. Многу квалитетен и промислен предлог.. Подобро да се проба додека уште е доброволно отколку кога ќе животот ќе те натера на тоа. 

Кој ти е дилерот, човеку?

Една жена не може да се начуди на оние кои (главно со државни пари) се импресионирани од напредокот па сака и она да проба така. 

Само вистина е дека топ тема му е пенкалото

Со оглед на тоа што македонските телевизии играат со еден те ист шпил свои гости, само прашање е на време кога и кој македонски водител ќе се одважи вака да даде до знаење што тоа најмногу го занима во текот на емисијата. 

Мрак на веќе видено

За жал, бевме прелажани да одгледаме уште еден сегмент од она дно „Брак на невидено“ кое го имавме пред некој ден, со оние двајца јадници (пекарката која продава пица). Овојпат со други двајца, скоцкано како ремикс со видео како „Приказе“ на Едо Маајка. Така е језивко што не можеме да го држиме во себе. Погледнете и вие, разводнете ни ја нелагодноста.