Балканштина

Македонец е првата жртва на српскиот шарлатан

Мирољуб Петровиќ (Под мач, бато) го памтевме како медиумски и јутјуб шарлатан, но тој во меѓувреме да ти станал „доктор“ и „експерт за природна медицина“ па почнал да „лечи“ и да препишува „терапии“.

Топли совети од баба

Таа е Мара, тој е Денис. Денис очигледно има некоја за која Мара знае како треба со неа. Мара советите ги соопштува директно, како што налага собраната мудрост на нејзините години. 

Психоделичен ГОА фолк

Зоран Шумадинац и нумерата Аутотјун. Да не убие човек ако знаеме да процениме што е поодвратно, Зоран или песната. Неиздржливи, до болка.

Курви, збогум

Она „Куд би с тобом“ (осим у театар) од песната „Пусти, пусти, моду“ на Здравко Чолиќ, на Радо Шишарката од Бугарија му се слушнало како „Курви сбогом“. И ете ти цела песна како Радо добил позив за војска. Да повториме, Радо Шишарката, Бугарија. Значи, не барајте логика.

Македонија е грчка. Мој те прчка.

Можеби сме на пат да капитулираме ама да беше тоа барем од културно супериорни, цивилизациски понапредни, музички побогати и играчки поразновидни. Веќе го замислуваме Заев како по бела гаќа оди по неговата македонска жица спружена низ вилата на Халкидики и си ја певуцка оваа прекрасна песничка.

Подобар немаме, полош нема да најдеме

Заради овој зен, српскиов селанец заслужува вонреден прием во нивната академија на науките и уметностите.

Официјална балканска верзија на „Jingle Bells“

Посакуваме во 2019 година, Гугл, Шазам и слични курци палци толку да напреднат што кога ќе им ја пуштите божиќната химна „Jingle Bells,“ тие ќе препознаат од кај сте и ќе ве прашаат: „Мислите на Џинго бе, Џинго бе, Џинго локо најн?“

Еко - Софија

Не само за историја, треба и за екологија да ни напишат нешто во учебниците. Стандарди, респонсивност на институции, инклузивност на социјални групи... Имаме многу за учење.

Голготата на нишки демонстрант

„Потресно“ сведоштво на нишлија кој организирано отишол во Белград да демонстрира за Вучиќ. Откако ги ислуша неговите маки, кои се сведуваат на тоа што другите автобуси имале не само сендвичи, туку и банани и јаболка (еј, и банани!), водителката со емпатија на најјако му кажа: „Бар вам је било лепо време“. Цареви!