Балканштина

Српска ситуација

„Луѓе, ова е срамота што ни се случи во наше село. Недела, 11 март, 2018 година. Свештеникот Ненад се напи и не можеше да оди пешки да го испрати покојникот туку луѓето го уфрлија во приколката и го возеа до гробишта. Тој, нормално, заспа ко топ. А иогата ја дигна на страна како да се сунча“.

Не е само Бојко јак, јак е и Радев

Бугарија во моментов ја водат дваjца суптилни интелектуални гиганти. Екс бодигардот и каратист Борисов го знаете, едно-две ете ти го габаритниот Бојко кај нас (ќе дојде ли на концертот на Марија Шерифовиќ?), но не е за потценување ни претседателот Румен Радев. Тој обожава предизвици кои го јакнат здравиот дух. А до здрав дух знаете како се доаѓа.

Си биле неколку Босанци и си раскажувале виц

Виц за босански политичар кој имал пискав глас па за да го реши тој проблем морал да му попуши на џуџест слон... Вицот е троа глуп, ама реакцијата на бандата е дражесна.

Стојко реши да ситничари

Стојко Стојков е сопственик на фото-студио од Варна кој решил на бугарскиот ЕВН решил да му покаже колку му тежи сметката од 2.000 лева. Околу 50 килограми.

На стратешките места нивни луѓе

И сега ова ќе го погледнат оние кои седеле со него во училиште, оние кои го познаваат а кои учеле, се труделе, завршувале школи. И како таквите да ги резимираат своите животи?  

Долга е идејата на Шилегов

А вие мислите само скопскиве се забегани што организараа настан  по повод урбанистичкиот гејм чејнџер проект „После ГТЦ, 50-ка одма ќе врти десно, наместо да оди право па десно“ (не може пократко да се опише, комплицирано е). Чекајте да ги видите нивните ПР побратими од Владичин Хан. На платото пред општината, свечено предавање на - клучеви од четвороцикл.

Вака се прави тоа

Државен секретар за демографија во хрватската влада, сред прес конференција си дава оставка! Со најчовечко образложение, во име на професионалниот и моралниот интегритет. И немојте некој да кажал: „Ете што е Европа!“ Пошто не е до Европа, до човекот е.

Мрш!

Ако секое „мрш“ будеше по еден пратеник, можеби некои работи ќе му тргнеа на овој дел од светот. Боже, боже, колку го избезуми!