Зошто од сите непознаници кои ги имаме од бугарскиот јазик, ние сме решиле да се распрашаме баш за овој збор, ќе ви стане јасно веднаш по првите неколку отпеани стихови. Джорджано, лударо една, ни ги измести чеканот и наковалната!
Откако непотребно посакавме да се апдејтираме и да чуеме што тоа овој народ слуша на Јутјуб (Раста и њему слични), природно ни се јави пoтреба од детоксикација, со нешто старо и проверено. Во однос на моменталните турбо фолк ветришта, ова е невино ко Хајди.
Човекот е осуден на три години затвор заради одгледување на неколку стебленца канабис. А единствен виновник е канаринецот. Не разбираш ти тоа, друже судија.