Балканштина

Преткафанска обука: Атина Ферари

Некогаш нормален (хмм) човек знае да заврши во прегласна шабанска кафана и таму да се изначуди како тоа сите присутни ги знаат песните кои се вртат а тој првпат слуша за нив. Да го искористиме ова кафанско затишје заради ковидот и да се наполниме со знаење.

Вето ни стави држава со нужници

Македонија има 4,4% домаќинства кои немаат регуларно веце (внатре, со казанче, молим лепо) туку за тие намери мора да одат „понадвор“. Такви домаќинства, кои се држат до старото парохиско правило дека не можеш под ист кров и да јадеш и да сереш, Бугарија има дури 15,3%. Погледнете ја Романија па да позборуваме за европскиот квалитет на живот.

Захариева, фаќај белешки

Захариева пробува да го сведе Тито на гол диктатор а она во кое сме живееле на гола диктатура. Слушнете како Бугари се разнежнуваат кога ќе се сетат на партизанските филмови со Бата Живоиновиќ („страхотни!“) на квалитетот на животот кај нас и кај нив („Југославија си беше западна Европа!“), како се сеќаваат дека мечтаеле да дојдат овде за да си купат нешто и како многумина Бугари ги местеле своите часовници еден час поназад, за да не утнат некоја емисија на југословенските програми.

Што има ново со Јаран?

Јаран од „Ноќна мора“ сега има наочари. Тоа е единствената промена. Сè друго во врска со него е како некогаш, од времето со Брацо Циган.

Окупација, администрација, присуство

Којзнае зошто и во кој контекст го правеле ова, но нам ни личи на бугарска показна вежба како овде кај нас ќе се снимаат историски филмови (ако не им доакаме на квислинзите што идиотски брусат шахти и бесрамно бришат споменици). Добра идеја на Бугариве, штета што немаат панчлајн.

Кој сè ќе биде стрелан?

Не паничете, не е од Апасиев. Човештвото е во војна, а во војна предавници не се толерираат. „Секој што во кокошарник ќе влезе без маска, ќе биде фрлен на лавови. А лавовите ќе бидат стрелани!“ 

Сè им беше на време кажано

Пред потпишувањето на оној шабански договор за пријателство со Бугарија, луѓе им кажуваа да не наседнуваат бидејќи тој содржи стапици со кои на долг рок ќе нè играат како им се сака. Зелките сепак се залетаа, само за нивните мињони и лигуши да ги тапшаат по рамо и да ги викаат визионери.

Како е да си родител на онлајн ученик?

Технологијата навистина чуда прави и прекрасно ги олеснува работите. Најважно е да не се изгуби комуникацијата со своето дете и навреме да му се објаснат некои работи, и за наставата и за ручекот. 

Цеца е бре - класа

ОК, полека со обџекшнс. Муабетот ни е дека впечатокот за некоја личност некогаш зависи и од околината во која се нашол. Седни ја до балван, некако ќе ти заблеска. А Цеца ја седнале до Ивица Дачиќ.

Слушнете ја Джингл белс од безбедна оддалеченост

Заев вика: Југославија ги разделила Македонците и Бугарите и со децении ги држела одвоени едни од други. Ние викаме: Фала ѝ.

Што вика Георги Димитров за македонскиот јазик

Бугарите ова го објаснуваат со муабет дека Димитров од Москва добил наредба за ваква политика. А после дојде Тодор Живков и се подисправила работата, пошто се знае дека Живков е светски познат по тоа што жестоко му одеше контра на Кремљ. Мерете им го умот.

Погодете што сега им пречи на Бугарите?

На Бугарите сега им пречи што ги викаме - Бугари! Ще се самуубеся или ще изчезна безкрайно! Стварно. Сега кенкаат што ги викаме Бугари а тоа да ти било грубијански и понижувачки. Не го мисли тоа некој овчар од Нова Загора туку член на нивната историска комисија со која нашиве нешто треба да преговараат. Што да преговараш бре со вакви? Не чини кога хуманоидните Македонци ги викаат Бугари, не чини кога роботизираните Македонци ги викаат Татари. Па како да ги викаме, гладиоли?