Балканштина

Монашки Тигуан: Бог дал, бог земал

Монахот Арсение богоугодно објаснува зошто се решил на Фолксваген Тигуан: добар е за ридско-планински тури но и за на асфалт, плус не паѓа многу во очи. Но, подоцна сфатил дека почнал да му се насладува, да води љубов и да има блудни надразби со својот џип. Решението му е најканонско на свет. Мислите го откажал? Ма јок. Сега само помалку го пере и гледа да не му се насладува до толку.

Доктор Шеклер: Престанете со циркусов!

Имате некои логички дилеми за кој ѓавол се воведува некаков ноќен полициски час кога дење сè живо работи и сè живо е во гужва? Што во кафана можеш како сакаш, ама на улица те казнуваат за маска? Што денот ќе ти пројде во гужви пред банка ама ноќе не смееш да фрлиш ѓубре во контејнер? Што со месеци не сте се виделе со своите најблиски ама некакви попишувачи ќе ти влегле дома по протокол? Србија има слични проблеми.

Теша нема проблеми со гости за емисија

Гостинот на Теша овојпат е инфлуенсер, јутјубер, жесток дечко од белградскиот асфалт, аматерски глумец, ракометар, портир, страсен пушач, возач од Ц категорија, каратист, дипломиран филолог, филателист, ИТ експерт и шеќераш. Само да знаете, ако некој ве види како го гледате видеово, тешко дека ќе му објасните зошто.

Кога камерите ќе стивнат

„Стартер пак“ на секој политичар содржи барем две лица, едно за пред камери, друго кога (мисли дека) не го снимаат. Кај српскиот министер за градежништво Тома Мона (Тoмислав Момировиќ), второво лице е далеку поинтересно. 

Срамота е само да се краде

Овој морален императив кој никако да го научат елитите на нашите балкански пирамиди доаѓа од самото дно на тие пирамиди: група млади Роми од Приједор, не можејќи да истераат живеачка со собирање старо железо, решаваат да се пробаат во друга област за која имаат и волја и желба: аматерска порнографија. Запознајте се со Пантер, Лав, Пит Бул, Кобра... и нивниот порно гуру Дејан кои снимаат во куќа без вода и струја но затоа под будното око на Јосип Броз Тито. Ванеса е малку страшна ама па, работа ко работа.

Не ломите ми багре...

Поранeшен министер за надворешни работи на Косово тврди дека „Не ломите ми багрење“ на Балашевиќ не е обична балада туку подмолна песнa против Косово, а нејзиниот автор да ти имал расистички ставови кон Албанците.

Аргумент долг 10 метри

Среде миса, мала теолошка расправа меѓу двајца луѓе, едниот се чини цивил, другиот во службена свештеничка одора. Како и во секоја расправа, и овде победува оној кој се чини појак.

Босански олимписки игри

Ни пониска скокалница (само еден метар), ни поголеми радости! Ски скокови (поточно „скај скокови“) во Викиќи, Босна и Херцеговина. Со почесни гости од братска Словенија. Амбициозниот натпреварувачки дух на учесниците го одржува спикерот со легендардно храбрење: Само полако, момчино!