Балканштина

Како е „сме го јаделе“ на струмички?

Српски парламентарец решава својата реплика да ја изговори на еден од омилените јазици на Александар Вучиќ. Гледајќи дека е достигнато уште едно ниво на полтронство, прашање на ден е кога од Филипче („Заев е човекот преку кој ние ги остваруваме соништата на нашите деца“) ќе излета ова: 
- Удејте вонка и не питувајте за вакциин'те, да не ве размавум ус балтијта. Г’рг’ленки небаjнати!“

Кога водителите би биле искрени

Разгорена политичка дебата со Теша Тешановиќ како медијатор. Поштено.

Сè е до друштвото

Нашето сонце, Шева, му објаснува на Малнар како станал пијаница. Едноставно, се нашол во такво друштво. Друштво на раководители.

Имаме нова, банкарска вакцина

Човек што дење-ноќе треска глава со кредити, рати и долгови, кога ќе дојде на вакцинација па ќе го прашаат која вакцина одбрал да ја прими, ништо чудно да му излета ова.

Живковизмот на Бојко

Опозицијата го ребрачи Бојко Борисов правејќи му спот како излезен од видео продукцијата на весникот „Работническо дело“, повеќедецениски орган на ЦК на БКП. Со спикер и атмосфера која во некои овдешни кругови се доживува како „администраторска“. „Имате ли по-опитен од мен?“ ќе праша најгабаритниот син на бугарските народи и народности.

Балкандемијата удри на најмладите

Како да не е доволно што онаа лајава, невоспитана сељачина Карлеуша упропастува зрели вокали на возрасни луѓе со нејзините идиотски критики и совети, дај да ги утепаме уште кога се мали (за да имаме помалку работа подоцна).

Хејт Словени, уште сте живи?

Махерски римејк на рефренот на химната на упокоената Југославија. Со Северина, со поента, со сè.