Балканштина

Ивица и неговиот Инстаграм

Ивица (нагалено: Ивца) е воин, специјалец, диверзант, чувар на имот, транс-шарпланинец (со задача да ги спаструва овците) и е под постојана обука која има за цел да го одржува нивото на неговата лутина и лудило. Инстаграмот на Ивица го води Босанец кој е несуден фудбалски коментатор.

Еден безобразен виц, може?

Пoсле шест години истражување, Американци до свое решенија на енигмата. После 4 години истражување и 3 милиони евра, Французи дошле до друго решение. На Германци им требале два милиона евра за нивниот одговор. А после му ја седнале двајца Босанци од Цазин, со пиво пред кооперација....

Секоја чест на неписмените луѓе

Лака сака да направи концерт за неписмените. Не само затоа што тоа е една огромна публика (200.000 луѓе) туку и затоа што неписмените ги смета за вистински генијалци на 21-от век. Објаснувањето му е врхунско: Насекаде околу себе да гледаш букви и никогаш да не се прашаш, што е бе тоа?

Згембо најубаво ни ја објасни ЕУ

Уште пред 30-тина години, професорот Згембо Андислиќ ко на првачиња ни ги објасни основните постулати на ЕУ, политиката на санкции и слично. После него, стотици луѓе од Европа доаѓаа за да ни ги дообјаснат работите па сепак, ништо од тоа нивното не испадна нешто појасно од ова на Згембо.