Балканштина

Није лоза ракија

Светот за Газа, ние за свадбата на Мијалков а Србите за вечната недоумица од Сурдулица до Суботица: која е најдобра ракија? Притоа се колебаат меѓу слива, крушка и дуња. Лоза не ни спомнуваат, што е баш братски, пошто за нас повеќе ќе остане. Последниот анкетиран има топол татковски одговор.

Автогол на белградскиот градоначалник

Што сум дигал рука у вторник и сам себе се убијал се првите асоцијации кои ќе ви текнат кога ќе слушнете како градоначалникот на Белград, некогашниот ватерполист, Александар Шапиќ, се самоповреди кога во одбрана на чистиот воздух им замери на сограѓаните дека се возат по еден човек во кола. Новинарката прибрано му соопшти каков баг има во приказната. 

Хрватски шизофрении

Вака ситуација имате во лијепа наша: од една страна, српската пејачка Александра Пријовиќ распродала рекордни пет концерти во загребска Арена, што се околу 100.000 луѓе (Оливер Драгојевиќ да стане од гроб не би наполнил толку). Од друга страна, бирократи во едно место крај Задар бараат да биде остранета надгробна плоча затоа што е напишана на - кирилица.

Новата политичка репрезентација на Бугарија

Направивме мал избор од една бугарска Фејсбук група, со доста поштен и прецизен наслов: „Изборни дебили 2023“, со кандидати, кандидатки и листи за советници за нивните локални избори. Нема што нема. Победничка на релно шоу „Фарма“, ученичка, војвода, тип со тетоважа на Мајк Тајсон... и притоа еден дизајнерски очобол каков одамна немаме видено. Страхотно.

Во чест на маратонците

Оние кои ќе истрчаат некоја делница од скопскиот маратон, три дена после тоа постираат фотографии од себе на Фејсбук и Инстаграм. Кога на луѓето од ова весело друштво („никој на никого не му ебе матер“) ќе им заврши маратонот, три дена после тоа не знаат гзот кај им е. Сè е прашање на избор, тајминг и издржливост. 

Кому овде Абазовиќ му ги замрси конците?

Занимлив детал од гостувањето на црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ во Скопје. Зборувал за успесите на Црна Гора во борбата против криминалот и трговијата со дрога за што аплауз добил само од странците, додека колегите од регионот тоа го дочекале сосема ладно. После од службите му објасниле зошто.

Бабо, го сакаш ли ти Вучиќ?

Количеството љубов и количеството омраза која во Србија постои за нивниот претстдател Александар Вучиќ, тешко би можеле да му се објаснат на некој воздржан Скандинавец. Едни од нив слепо го слушаат, макар паризер јаделе (продажбата на оваа поджригуља од салама порасна за 1.086% по неговите скечови на таа тема), други би му се насрале, макар последно им било. 

Не е лесно да си ѝ татко на Тара

Тара Ристиќ на ТикТок има 650.000 следбеници. Нејзината ведрина главно се храни од ребрачење на  татко ѝ. Како ќерка е кретен а нејзиниот татко, иако темпераментен човек, крепи ко вол. Таа му ги прави најглупите пренкови а овој немоќен, освен да ја пцуе (нема што ѝ нема кажано) и одвреме навреме да му текне дека ќе побара судска забрана за приоѓање.