Балканштина

Шумадиски дарк метал

Овдешните медиуми може сега ќе пишат дека Мирослав Илиќ уствари нема да биде глумен Роберт Де Ниро туку од Ози Озборн.

Српските Ленон- Макартни

Фасцинантен е оној документарец „Get Back“ на Питер Џексон, кој на гледачот му дава инсајдерски увид во пробите и креативниот процец на четворицата од Ливерпул. На пример онаа сцена кога Макартни нема песна, нема песна... и оп, почнува да има песна (види: Најепската музичка сцена која сте ја виделе). Еве една кирилична верзија на таквите креации.

Бугарско селфи

Стамен и моќен говор на бугарскиот актер Захари Бахаров за контрадикторностите во кои е распнат нормалниот и обичен Бугарин (ако ќемо поштено, и за нас важи). Не ви го преведуваме зошто не сме сигурни дали баш 100% ќе бидеме точни во преводот (па да настане нов спор). Ама, и само 50% да го разберете Захаров, тоа е многу повеќе од она колку се разбираме со Бугарите во последно време.   

Е, ова се другари

Што и да слави, друштвото му донеле голем поклон. Под украсната хартија се гледа дека е тоа кутија од оние модерни тротинети на кои машко не може да застане а да не изгледа пресмешно. Пред да баталите и да си кажете, ајде бе, за еден тротинет ќе гледам видео, треба да знаете дека се Срби. Најјако е што подарокот прописно е фиксиран со стиропор.

Промајата како смртоносен развигор

Американец се оженил со Хрватка и се соочил со серија културолошки разлики. Почнал да ги собира и по некое време издал водич за преживување во Хрватска. Една од мистериите му била фамозниот тивок балкански убиец - промајата. Денес вика дека разумот му знае оти тоа со промајата нема врска, ама сепак, неговото срце ѝ се плаши.

Во длабокото на српската зајачка дупка

Фасцинантно е со каква сериозност и „академичност“ тие им пристапуваат на овие теми чија заедничка точка е што секогаш завршуваат со Србија и српството. Овојпат зборуваат за чуда. Нека не ве обесхрабри првичната дилема „курац или патка“. Подоцна муабетот меандрира и низ други предели за да дојде до финишот кој е тотално рррррррразвратен.