Балканштина

На Вучиќ му летна петлето

Првиот дел од изјавата на српскиот претстедател Алексанадр Вучиќ гласи: „Немаме право да уништуваме животи на поголем број луѓе...“ Дотука добро.

Под жарта сач, под сачот - ништо особено.

Прво почнале да пијат па отпосле некому му дошла идеја да стават месо под сач, да се гоштеваат ко богови кога ќе ги залути ракијата. Доаѓа моментот да се провери до кај е месото. „Куме, да го видиме тоа телешко!“, ќе го најави свечениот чин кумашинот.

Дијалог меѓу двете Србии

Едни го бустаат незадоволството против Вучиќ (Рио Тинто е само прокси), други преку свои медиуми (главно Пинк и Информер) ги бустаат приказните колку луѓе страдаат поради блокадите и колку не може да функционира секојдневниот живот. Дијалог меѓу тие двете Србии постои, и тој во моментов е во оваа фаза.  

Милица ја задимува огнената стихија

На утринска емисија на српска телевизија демонстрираат показна вежба колку е лесно да се угаси оган со ПП апарат. Мало оганче, пола метро. Задачата ја доверуваат на „просечна женска особа со просечна градба.“ Се вика Милица. Противпожарно наравоучение од акцијата на Милица: кај што има дим, има и оган.

Who the Fuck is Tito?

Ако едни Словенци викаат дека порано живееле почисто и посигурно, што останува за нас, кои можеме да бидеме убиени од човек кој е во затвор, да настрадаме во автобус затоа што пред да се качиме не сме му побарале лиценца или да изгориме во монтажна болница по што премиерот ќе каже „Е што, да се посипеме сите со бензин и да се запалиме?“

Хакирање на српската полиција

Српската жандармерија деновиве жестоко делуваше кон блокадите и протестите за она што таму се случува со сомнителните градежни активности (таг: Рио Тинто). Бидејќи полицајците очигледно имаат наредба да ги отстрануваат блокадите на улиците и патиштата, некои демонстранти се досетија како на тоа д му доакаат.

Европо, тешки Ваљовци те возат

Му дал на малолетниот син да вози само за да сними видео, да грмне на ТикТок. „Нели извесна личност сум вф ТикТок,“ ќе каже Ваљо Рамаданов, инфлуенсер, кој синот го тера да учи за пратеник. Толку за бајките како Европа ги цивилизира сељачиштата.

Азис им е пред Гоце, јасно?

„Големите Бугари“ е спин-оф на британската „Стоте најголеми Британци“ на BBC и почна да се емитува летото во 2006 за во финалето во декември истата година да бидат објавени листите на топ 10 и топ 100 Бугари, според гласање на широка публика. Гоце еднаш загина во Баница, другпат на бугарска топ листа.

Малку историја, пошто Бугарите ја обичат

Како окупаторите биле набркани од Македонија (со мала резерва дека гаќите стварно им останале бели).

Во бизнис класа има тешки сељачишта

Џими е цар и кога не зборува за Грци или спомнува Македонци. Овде ги руга луѓето од бизнис лаунџот на некој аеродром, дека трпаат храна во торби, како верверички во Централ Парк за да имаат што да јадат зимоска. А и други добро уловени апсурдности на денешните патувања. Супер говнојадец, во најубавата смисла на зборот.  

Грк на денот

Џимис Цапас раскажува приказна за своите сонародници која му ја дојавил Оливер Ромевски, кого го нарекува „својот македонски брат“. Ја имавме приказната на сајт (види: Грчки инсепшн), ама колку да ви ја покажеме егзалтираноста на Џимис од тоа како функционира грчкиот код.

Не џабе сме Мини Шенген

После толку години и децении усогласување на регионот со принципите и стандардите на ЕУ, некои решија дека најфино е да си поиграме во Мини Шенген, прецизно наречен ЕУ за сиромашни. Не без причина. Ние во него природно сме усогласени како функционираат работите. Така што сите се прават будали. 

Дубиоза во Советот на Европа

Драгите Босанчероси ја изреметија тишината на политичката и бирократска баруштина во Стразбур. Дубиоза никогаш не свиреле пред побогата публика која ја потсетија дека Босна ја имаат напуштено 20% од нејзините граѓани и дека токму од тоа место може и ним - конкретно - да им се помогне.