Балканштина

Влегува црнец во домаќинска куќа

Тој нејзиниот, син/внук, што ли ѝ е, и трапоса дома црнец, ќе останел месец дена да спие. Домаќинката не се плаши од црнци, ама овој многу црн, ко казанаџија да го калаисал. Кооперативна е, би му спремала и глувци ако веќе ги сака, ако ѝ каже како се спремаат. Начисто ја пореметија жената. А прекрасна е.

Како раперите донесоа примирје во Југославија

Ова го имаме или пропуштено или заборавено. Ама затоа Чак Ди од Паблик енеми го памти. Дека некоја од војните во Југославија (не му е најјасно кој и што бил во тој хаос, нормално, нему сите - белци-  му се исти) била запрена на еден ден заради нивен концерт. Знае дека откако ја здувале од таму, бил бомбардиран градот Бихаќ. Што нему му звучи јебитачно како Биач!

Српски семејни традиции

The Doors пееја за „Whiskey Bar (Alabama)“, UB40 за Црвено вино, Том Веитс се вадеше дека не пиел тој туку пијаното, Ненси Синатра го опеваше Летното вино а Џастин Тимберлејк го извади непреводливиот наслов „I Can't Drink You Away“ (кој го преведе на македонски, има пијачка во Трендоленд). Српскиот поетски порив оди подлабоко, тој се нурнува во корените на пиењето.

Памет тече по бугарските улици

Дечкото има 22 години и на скала од 1 до 10, себeси се смета за интелигентен -  десетка. Го праашуваат ако се родеше пред 10 години, колку години ќе имаше денес? За да не биде тој единствената десетка на улицата, влетува уште еден мозок. Олеснителна околност знаете што им е.

Српскиот Пато

Ништо ние тука не би додавале ниту одземале. Човекот убаво сè си кажа. Ако одземаме, нема ништо да остане, ако додаваме, ќе му ја убиеме мислата. Вака пасент. Само што, наместо како нашиот „Пато, масовно, за цело село,“ тој закуцава со „Он само гледа и оде.“

Сè што треба да знаете за луѓето, животот и демократијата

Една многу поучна и сликовита ситуација од квизот „Најслаба карика.“ Во игра се тројца играчи. Еден од нив нема ниеден погрешен одговор. Другиве двајца се камења и трупови. Ама, доаѓа време да се гласа. Погодете кој од нив тројца ќе биде елиминиран. Водителот Никола Kojo маестрално ја проследи ситуацијата.