Балканштина

Богатојавление

Нит фрлање во вода, нит мрзнење, нит пиење греана ртакија за ублажуцвање на проблемот. Наместо сето тоа, на неколку места во Србија (Бујановаа, Врање), богојавленскиот кум се одредува со наддавање, односно аукција за крстот. Кој даде повеќе, тој го добива крстот и потоа цела година ќе го следи среќа. Ваљда е и тоа богоугодно.

Говорите ли немски?

Фики и Бисер Кинг, со своите физички контрасти изгледаат како бугарски кастинг за Лени и Џорџ, ликовите од „Глувци и луѓе“ на Стајнбек. Едниот рмпалија, другиот сајла, ама се нашле, за да го споделат со светот своето познавање на германскиот јазик од кој главно ги знаат зборовите гутен таг (таг, таг...), шајзе и вундаба. Кога ги слушате, просторијата сама ви се претвора во концентрационен логор.

Легендарниот ТАМ 110

45 години откако Тито го нема, од Марибор (каде што се правеше ТАМ - Товарна автомобилов Марибор), преку Прибој (ФАП - Фабрика аутомобила Прибој) па до Скопје (Санос), нема кој да склепа такви јаки, доверливи, сигурни и ефикасни ѕверови од возила со кои се чистeшe снeг, се гаснеа пожари и се возеа луѓе а беа лесни за одржување. И попат неугодни за оној што се вози со нив.

Жената која ја хакнале езотеристи

Се фасцинираме од вакви ликови како неа, од нивниот настап и „контент“. Мртва-озбилна, одлучна, самоуверена, оваа жена објаснува дека е жртва на завера на езотеристи кои го злоупотребиле нејзиниот божествен & апсолутен ум. What? Сакате техникалии? Kога ќе им затреба некое нејзино знаење, тие се закачуваат на фреквенцијата на нејзиниот софтвер и го земаат она што им треба. Спојлер: Џабе им е. 

Ние со „Распеани скопјани“ па и добро пројдовме

Белград, студенти пред ЕТФ. Јаки протести, јаки перформанси.

Нема грди, има само сиромашни

Ајде да го премотаме филмот назад и да видиме од каква стартна позиција тргна фамозната Теа Таировиќ, денес една од најбомбастичните пеачки во Србија и регионот. Не сме виделе толку паметно и корисно потрошени пари на пластични операции. Теа не е оперирана, Теа е рециклирана.  

Србија после отказот за професорите

Претседателот Вучиќ и премиерот Вучевиќ малку играат „лош полицаец - добар полицаец“. Премиерот се закани дека просветните работници кои во второ полугодие ќе продолжат со бојкотот и нема да држат редовна настава, ќе добијат откази. Ден подоцна, Вучиќ ќе рече дека не е тоа добар пристап, дека со нив треба да се разговара.... Додека трае тој игроказ, веќе се замислува најавената иднина.