Балканштина

Мала ноќна а српска музика

Ако еден национален јазик може да биде ранет со негова злоупотреба, тогаш јазикот на кој Гете го беше напишал Фауст, после оваа песна е мртов. Рилке, Хајне, Фихте, Шелинг, Бекенбауер, ... примете го нашето најискрено сочувство.

Го знаете ли Кале?

На сцената се појави пред повеќе од 10 години. И нејасно е како покрај ваков стиховен горостас некои сè уште се осмелуваат да се занимаваат со хип-хоп. Невиден фристајл мајстор на овие простори и гранитна морална вертикала на Балканот!

Преписка од минатото

Ненад Чанак веројатно уште го знаете, на ваша среќа ЈУЛ (а уште помалку некогашниот портпарол Иван Марковиќ) веројатно не ги знаете. Ова им е една кореспондеција од 2000-та.

Мразот го стигна и министерот

Заради немање електрична енергија, граѓаните на Мајданпек неколку дена смрзнуваа во своите домови и малото рударско градче се наоѓаше пред евакуација. Ќе го видите ресорниот министер за енергетика Александар Антиќ како пред камерите на долго и широко ја демонстрира сета своја загриженост за тие луѓе, сè додека природата не реши да му покаже дека мразот не е нешто што им се случува само на други луѓе. Ау, како кармата знаела прецизно да гаѓа!

Ѓинѓиќ за Шешељ

Секоја сличност со денешните настани е неверојатна и сепак случајна. Изјавата на Ѓинѓиќ е од пред 12 години и дадена е за весникот Глас Јавности, по повод кандидатурата на Шешељ за претседател на Србија.

Јеби га

Има тука еден спорен збор заради кој човекот го враќаат да си ја повтори мислата. Онака, чисто за стилска вежбанција - кај една наша партија сменете го тој спорен збор со зборот "името", а кај една друга наша партија со "Европа". Не им оди? Јеби га.

Српски сајт на денот

Три часовника, постер и моторизиран ражен за печење. Тоа е тоа. Спремте се спремте да прочитате многу зборови кои почнуваат на С.