Балканштина

Лепи дроне мој

Српско ток-шоу соочување и помирување со летот на дронот. Водителот се вика Зоран Кесиќ и врши одлична работа во спрдање со српското секојдневие.

Громовно оро

Свадба. Го пропуштаат правото, пропуштаат шест напред три назад, пропуштаат Пајдушко и Елено моме... На ред доаѓа AC/DC и цела маса ти ја снемува! Бугарија.

Вода се просула

Кога ќе ти "фати" мантрањето (кое мора да забележиме е направено во велелепно грацилен стил) не е ни чудо што космичките сили не можат да се воздржат и да не се манифестираат пред наши очи. Како и секој ваков исцелувачки настан, и оваа емисија завршува со соодветно бркање црни магии преку телевизор со огледало.

Српски рапер набацува туристи во Грција

Ако уште имате дилеми дали одморот да го минете во Грција или на некое друго место, оваа промотивна песна за Грција би требало да превагне накај некое друго место, макар тоа било и  Шула Мина. Чујте, видете и одговорете искрено: Како може да ви се допаѓа нешто (било што) што нему му се допаѓа?