Балканштина

Млечна жртва

Интервју со првата жртва на затруеното млеко. Контаминираните млечни производи предизвикуваат два главни симптоми: подригнување (на цела фамилија) и непрестана желба за зборење.

Грло кое далеку се слуша

Не е длабоко туку е златно грло. И не е порно туку е лек. Ама и ова не е за деца. Не лекот, туку рекламата. Бидејќи греота се децата.

Сараевски трамвај

Во градските автобуси да се вработи по еден ваков. На секој спрат по еден! Подобро таму да се олеснуваат отколку да ги гледаме по реални шоуа во кои се бараат таленти. Замислите ги дури тогаш пензионерските денови во автобусите. Со нарачки, со солзи, со паѓања вилици на рефрени. Ох,, aко стигне муабетов до Коце, сме го јаделе. 

Бугарски анти-алкохолен хит

Се викаат Светлио и легендите (Светльо & The Legends). Имаат една хубава песен за моралните и други дилеми во врска со пијанството. Песната е певлива до... болка.

Ама ја извезе!

Некако текстот од песната му доаѓа пребрзо, никако да го пофаќа на време и воала - се добива мрморење левел пола литар ракија говнаруша, пар топли пива од пластика и серија шотови со ликер ментол.

Неговата светост, Кралот на Црна Гора

Пред 20-тина години, Црна Гора демократски пропушти шанса каква што не се дочекува ни во сто години: како кандидат на листа на граѓани да се појави човек кој ќе ја среди државата, човек кој може да го крунисаш за крал и мирно да накривиш капа. Да се потсетиме на неговото височество, Боро Мирановиќ.

Машинка, напни!

Ќе излезе денес фасцинантен технолошки изум и цела љубопитност се сведува на тоа колку му траат батериите. Порано се седнувало и се пишувало песна за тоа! Плус ако имаш пеачка која од крштевање е предодредена за овој жанр, на слетувањето на Аполо 9 му фали само да му се додаде хармоника.

Фемикур, од аптеката

Бугарскиот јазик знае да звучи симпатично. Со бугарските цицки силиконот одамна ги реши сите проблеми. Ама, што имаат браќата една софистицирана смисла за ненаметливо рекламирање, тоа го нема никаде во ЕУ. Note to Borisov: Не рипај одма, ни се свиѓа. 

Мек како леб

Велат, работењето со леб била една од најблагородните професии на светот. Велат, некако го смирувала човека....

Концентрат за клетви

На човек од нашето соседство (Србија) му го крадат старото возило Застава 128. Распаметен од ова, на непознатиот крадец му ја пишува следнава епопеја:

И Србите се антички

Накратко: Тука се минимум 9 века пред доаѓањето на Словените, 2 века со оружје ја чувале римската империја, биле задолжени за инсталирање на христијанството, на останатите им ја подаруваат писменоста и ред други работи. Носител на идејата, академик Јован Деретиќ, член на институцијата за приплод и одгледување идни хашки затвореници, позната како САНУ.

Аикидо против репортери

После легендарниот "кавурма и чварки", складираме уште еден добар потег во одбраната од професионалните изнудувачи на ставови, некаде познати и како новинари. Во случајов, потребно е да не ве фаќа паника туку мирно и сталожено да го сослушате прашањето а потоа, лежерно да ги одјебете.

Смејте се, мајмуни едни

Кога ќе се просветли некој во нормална земја, обично му стануваат јасни категори како што се универзумот, вечноста, смислата на животот... На Балканите, просвeтлувањето е првенствено политичка категорија. Како изгледа и зборува човек со политичко трето око?  

Пливај јуначино

Подготовки за летни олимписки игри во зимски услови. Србија и Милорад.

Невено бре!

Па овие нашиве срцки биле, уште и ти се правдаат ако задоцнат со чистење улици. Ви ја претставуваме Невенка Бечиќ, сестра на Жељко Керум, горда сопственичка на Јованка Броз фризура, пратеничка во хрватскиот парламент и претседателка на градското собрание на Сплит.