Балканштина

Проблемот со фасадите од стиропор

Експертизата се базира на фасада во Сплит, изложена на невремето во Сплит од пред некој ден. Ако нешто значи, фасадата е надополнета со конструкција за билборд.

Тенк ју Арменд Мифтари

Таман малку нè смори пресмешноста на хуморот во македонскиот кампус, доаѓа вистинско освежување од албанскиот. Песна благодарница за Америка и нејзината помош за каузата. Арменд Мифтари на САД им вика дека се легенди, пискипери, бестфрендови па чак и пеин рилисери. И погодете што? Нема да можете да престанете да ја слушате.

Од времето кога војните беа кај нас

Веројатно во времето кога ова се случувало би нашле зошто да навиваме или подеднакво да ги мразиме ликовите од клипов. Од оваа дистанца ама никако не ти е јасно како можело да дојде до тоа дно. А може.

Школа со вградено екстерно

Ја има во Србија и се работи за таква вештина која зависи исклучиво од екстерна оценка. Во случај на неуспех, понављачот ја повторува мантрата: "Остај ја, курва." На следната тв презентација, професорот падна тотално. 

Ракијо, владарко

Да не прејудицираме, ама  оваа песна ги има сите потребни аудио-текстуални малигани за да стане следната алкохолна химна на просторите на поранешна Југославија. Музиката малку влече накај Тома (Дотако сам) ама затоа текстот ги гаѓа сите битни поенти на темата и ја доловува природната драматургија, кога човек го сфаќа својот очај, разумно ги сумира последиците, знае дека ништо од тоа не му треба и носи одлука - дај уште една.  

Тоа е тој живот

Ретро видео клип за тоа како некогаш животот на младите беше јасен и едноставен. Тотален зен.

Водици на бугарски начин

Збирка богојавленски натпревари од соседна Бугарија. Имаат еден јак поп кој ги цима присутните на сец  а последната екипа фаќачи на крстот се најјаки. Мислиш нафта бараат. Не дека тоа таму е нешто различно од кај нас. Еден народ, две држави, ви текнува?

Србија божиќна

За што се новогодишните и божиќните празници, ако не за да минеш време со најблиските уживајќи во испраќањето на уште една година... или евентуално со другарите. (Бонус, музиката.)

Српска божиќна синхронизација

Српска верзија на традиционалниот православен божиќен поздрав. Звуците на калашот велат "Христос се роди" а отпоздравот гласи: "Доста јебо те, ваистину се роди".

Пророштвото на Тома Николиќ

Српскиот претседател реши со кинескиот премиер да го сподели старото креманско пророштво кое вели: "ќе дојдат жолти луѓе од исток и ќе пијат вода од Морава..." Неговиот идеолошки близнак по прашање на четништвото, Бора Чорба, своевремено исто имаше што да каже за Морава.