Балканштина

Спаваш ли мирно, Љубчо?

Српска анти-масонска аргументација за името „ЉуБчо“

„Митра Македонката“ му го бара Твитер на Маск

Малку што вистински разбираме во овие згуснати изјави на Митра Македонката (што не ни е проблем да сме од нејзина). Првичното прашање до неа беше дали е за или против социјалните мрежи. Митреа е против ама не заради ова или она туку затоа што се нејзини и бара да ѝ бидат вратени. Првенствено Твитер ама па и Гугл. Капак на сè, Митра Македонката е Бугарка.

Шундот е (и) во консументот

Кичот и шундот не се теми со кои баш сега и баш нам ни се паднаа. Еве дебата на таа тема од пред повеќе од половина век (1968-ма). Денес би се кукало како со шундот ни ја трујат публиката, ама тогаш се имало муда па и публиката не била поштедена. „Некој може да го чита Достоевски а да го занима само дали кнезот Мишкин ќе се ожени“, закуцува режисерот Душан Макавеев.

Па, браво!

Конечно некој ќар од математика.

Глупоќа поголема од Кајмакчалан

Генијална сцена: првиот балван на Република Српска, Милорад Додик, објаснува зошто ја пеел песната „Пукни зоро“ и како тоа било погрешно разбрано, бидејќи таа песна ја пееле српски војници на Кајмакчалан, и тоа не кога оделе, туку кога се враќале од војна...Сето тоа го гледа и не може да се изначуди Роберт Пешут, познат како Мањифико, инаку комплетен автор на „Пукни зоро.“

Што би гледал војникот Кустурица за Нова Гoдина

Емисија „Млади“ емитувана последниот ден на 1981 година. Немања тогаш беше Емир, денешниот цивил од Мокра Гора тогаш бил војник во ЈНА и кажува како би требало да изгледа телевизиски дочек на Нова година. Би почнал со фудбалска утакмица Европа- Америка, па пренос од излет на Месечината, пред полноќ да се ѕирне некоја светска револуција, а после филм и џез, сабајлето би се дочекало на мали голчиња во неговата уличка.

Бугарска животна лекција за Англичани

Среќаваат повозрасен човек на англиските улици, скроз пицнат и брендиран. Испаѓа дека е Бугарин кој 25 години е таму и се занимава со столарија. Ама, за разлика од глупите локалци кои се далдисани да штедат, тој знае дека животот е прекраток за такви срања, па се части само со светски познати марки и врвен квалитет. „Ако сам не се тинтраш, онда си сјебан,“ им порачува братот.

Не дај се Алекс

Миќко Љубичиќ (Индексово радио позориште, Пљиж...) е урнебесно и барокно раскошно талентиран човек. Овојпат ја препеал прочуената „Не дај се, Инес“, го скинал Раде Шербеџија један кроз један и ја посветил поемата на Алекс, тоест Александар Вучиќ. Политички совршено избрусена порака за неприкосновениот владетел на Србија, „простачино и племиќу мој“. 

Вести од Србија

„Доктор Лаза Лазаревиќ“ е клиника за психијатриски болести во Белград.

Пакетче Несторовиќ на права музика

Уништени се 5.000 скелети од џинови, откриени се диносауруси кои блујат оган, космички портали, лек за карцином постои од 1944 година, Марсовци со сини очи кои се парат со овоземни женски, ни фалат илјада години, дијагностичките квалитети на краставиците... Добро, тоа сè е јасно, ама која е таа права музика? Генијален избор- темата од Твин пикс.