Балканштина

Брак се чита меѓу редови

Жената разумно го сумира нивниот долг заеднички живот, имало тешки моменти кои требало заедно да се пребродат, имало и убави моменти а најважно од сè, вика, е кога меѓу двајца има разбирање и почит. Но, сликата за нивниот брак станува 3Д дури откако таа ќе заврши па ќе му рече и тој да каже нешто.

Извештај во Ракијада

Бидејќи ракијата е најдобра како колективен спорт, учествуваат само екипи по пет члена, од кои 4 се во трка а петтиот е designated driver (пие и тој ама не му се рачуна). Победници се едни млади и кондиционо навежбани јетри од Инѓија а организаторот сумира дека многу е тешко човек да испие повеќе од литар ипол. Во коментари се гунѓа дека штом се на нозе, ракијата била слаба. Србија, нормално.

Регулаторна мистерија

Директорот на регулаторната комисија за енергетика на Република Српска реши на граѓаните да им ја објасни новата методологија по која се доаѓа до цената за струјата на домаќинствата. „Лесно се пресметува...“ ќе рече даскалот и ќе почне да плетка до бескрај. Новинарот комотно можеше да го прекине и квизаџиски да му каже: Имам точен број!

До парите Е, ама не е сè до парите

На македонски е почит, на српски поштовање, на бугарски уважение, на албански ндерим, на англиски респект... Ако на овие простори има нешто што е подефицитарно од пари, тоа е тоа. Кратка исповед на еден сточар кој веднаш би заминал за Германија, да доживее барем еден човек да го цени она што го прави.

Како Мате и Фахрудин го опљачкаа Кирк Даглас

„Боро и Рамиз“ во старата држава беа синоним за тоа како различната етничка припадност е небитна пред другарството, слободарскиот дух и желбата да се победи заедничкиот непријател. Но, тоа братство- единство знаело да биде склопено и за поприземни каузи и мотиви. Се враќаме во 1984 година, во Сараево.