Како што ние ја имаме антиката како тест за тоа до кое дно може да загњуриме, Босанците ја имаат 'мистеријата' околу пирамидите. Новите надреалисти (со пар стари како Елвис, Зена...) ја истражуваат темата дали фараонот Размјеш Трети ќе успее во босанскиот катастар да ги впише на свое име и што за пирамидите мисли експерт од слаткарницата Египет.
Во далечната 1937 година, српскиот дневен лист Политика објави вест за момче од внатрешноста што со своите браќа стигнало во Белград за да го промени полот. Тогашен балкански медиум за оваа тема пишуваше вака:
Опис на состојбата: Луѓето се жртва а жените полудеа. Пресуда: Жените се криви. Зошто? Пушат, пијат, се дрогираат, ко крави невоспитани. Чаре: Да се ишамараат и со стап по газот, како некогаш што беше.
Карлеуша сега е член на едно од оние жирија на српските шоуа за пејачки ѕвезди, често надмена, дрска и напувана во однос на кандидатите на кои полна со себе им мудрува што ѝ треба на денешната музика. Ама добро, како да не биде надмена со ваков супериорен и префинет ангелски глас?
Политички коректниот опис на ситуацијава би бил: Двајца колеги од кујна, едниот е со црна боја на кожата а другиот е белец и расист. И, таквиот опис нема врска со ситуацијава.
Може кај нас попови осветуваат темели на куќа ама тоа е "декартов рационализам" во однос на обичајот од Босна кровот да го освети - певаљка. Битлси говна да јадат.
Разни политички гарнитури веќе две децении на луѓето во Србија им го ветуваат проектот "Брзи пруги на Србија". Да го регистрираме досегашниот напредок.
Доктор Сафет Кудузовиќ се смета за добар познавач на Исламот а популарноста ја стекнува со предавања на кои ги објаснува законите и обичаите до кои верниците треба да се придржуваат. Овојпат одговара на дилемата дали може да се оди на море. Кудузовиќ дава полна слобода за тоа и притоа потсетува на само два услова: а) да се оди само во јануари или февруари и б) да се затворат очи. Пазете, март е веќе критичен!
Неделен ручек на балканска фамилија. Таткото задрт и конзевативен, по маица синдикалка. Синот напреден и асексуалец, згора на тоа твитерџија и тоа влијателен. Меѓу нив Ковиљка. Недоразбирањата меѓу двата света завршуваат со семејна љубов на балкански начин: "Eве ти пари, јебо те хаштаг".