Балканштина

Доналд Шешељ и Војислав Трамп

Каков трол е овој. Шешељ во парламент од мобилен им пушта српска песна за Трамп. Ок, не се шокираме ние така лесно од политичките групирања на Балканот.

Локални избори

- Колку време чекате да се асфалтира улицата?
- Сè на сè, 300 години.

Словенец, ај глеј си работата

Сакајќи на хумористичен начин да си играат со стереотипите за бившите ју народи, во овој очаен обид за римејк на Топ листа надреалиста, се потврдува барем еден стереотип: дека Словенец и хумор не одат заедно.

Генерациски дијалог на денот

Се разбира дека е нормално младите да се понапредни и на возрасните да им замераат за некои лоши навики кои си ги тегнат со нив. Особено ако се работи за здравје, здрав живот, цигари итн. Ама па и на вториве не им се исушил мозокот од цигарите.

Во името на сите оние родени во 90 и некоја

Евергринот на Балашевиќ беше некаков генерациски завет на оние родени во пеесет и некоја. Потоа се менуваше само деценијата (шеесетта, седумдесетта), но текстот остануваше ист. Толку од тоа. Родените во 90 и некоја имаат сосема, сосема поинаква порака. И таа делува многу искрено, автентично и моќно. Изведува едно 26 годишно момче од Сомбор. Старки, обратете внимание!

Перо Луковиќ за жирафата на Палма

Сосе министер и 4 илјадна публика, во Јагодина, бастионот на живописниот Палма (хинт: Бетовен), во употреба е пуштена нова - гринфилд - жирафа. Петар Луковиќ (Џубокс, Ферал, Време, Е-новине), накурчен каков што го дал Господ, не може да се изначуди што ќе се случи ако дојде слон или паун. Крешендото е сепак кај Палма кој на крајот вика: "Мислам дека денес ставаме точка на жирафата". Србија, оригинал. 

Пола пије, пола тетоважи даје

Да почнеш како втор пик во НБА (избран пред Кармело Ентони и Двејн Вејд), а да завршиш полугол, со пиво меѓу заби и со Баја мали Книнџа кој ти пее за Косово и Путин, една таква кариера може да има само едно објаснување: да пиеш за тројца луѓе. А ќе видите, Дарко Миличиќ го може тоа.

Малата веќе има диплома, само не знае за тоа

Ако школото не служи да го наполни детето со куп информации, туку да го развие неговото мислење и снаоѓањето во нови ситуации со веќе стекнати знаења, тогаш ова девојче е многу понапред отколку што мисли дека е. 

Катастар на унгарски начин

Ние имаме Итар Пејовштина, тие имаат Виктор Орбановштина. Со тоа што во споредба со нивниот, нашиот итрец беше господин човек. Еве што направиле: бодликавата ограда за бегалци не ја направиле на самата граница со Србија туку пар метра во унгарска територија. За кога ќе ги протеруваат, да кажат дека не ги протеруваат. А ние на времето мислевме дека со Маџар телеком ќе се надмудриме.