Медиуми

Македонецот во лавиринтот на времето

Убедливо најхалуциногената ТВ ситуација во врска со времето (што е тоа? како тоа тече? кај сме ние во сето тоа?) е онаа кога легендата Бошко Трпески во емисија рече: „Знаев дека оваа емисија ќе предизвика големо внимание и слушам како во режија телефоните веќе ѕвонат но, за жал, нема да можеме да се јавиме бидејќи ова е снимена емисија“(?!?!). А сега имаме и ситуација за сребрен медал. 

Та не сум саде јас, та не сум саде тука!

Генијална автентична сцена од нашиот телевизиски етер. Кај Блажевски, се јавува гледачка и кажува што мисли. Веднаш потоа стигнува и поддршка од „истомисленичка“! Заебавајте се, ама вака звучат и некои „дебатни“ емисии кај нас.

Најди ја разликата меѓу Скопје и Анкара

Не само што се тоа два различни града, туку се и две различни години. А така исто, мајку му.

Некогаш ни водителот не успева да си ја расипе емисијата

Кога човек е секој втор ден на екран, знае или претерано да се опушти или од замор да зашмелцува. Којзнае од кое од овие „повреди на работното место“ произлезе прашањето на Чомовски: „Дали сме на работ на јазичен фашизам?“ Јазичен фашизам? Ало, студио?

Што се чита во македонскиот калифат?

Дел од месечниот извештај на агрегаторот Грид, за најпопуларни македонски статии на Фејсбук. Ви ги поцртавме тн верски содржини да видите како тие маестрално поминуваат овде. А не се ни верски туку од оние најбаналните (се пере ли денес?).

Ќути Валијант што не е спонзор

Не го хејтаме, Вучиќ одамна е народњачка институција која топ не ја бие и во однос на баграта накотена по интернет, човекот веќе е меинстрим. Само, стварно се одушевуваме како уште наоѓа иновативни начини да биде интерактивен и со публиката и со спонзорите. Со други зборови, знае да загризе.

Анимирање, лудом радовање

Анимација на ТВ Сител во која се реконструираат летот и падот на авионот што неодамна се сруши во Велешко. Беспрекорно, од графичките детали до информативната набиеност на анимацијата. Луѓе од Пиксар гледаат и во 3Д се маваат во глава кога ќе можат тие вака, а драматиката на парчето дополнително го смрзнува Волт Дизни.

Ѕвездените мигови на Дневник

Еднаш линкавме до оваа рубрика но вреди и за посебно внимание. Некогаш моќниот и влијателен Дневник денес има ангажирано јасновидец која, логично, се вика Звездана и 'им гледа' на луѓе кои си имаат некоја мака. Не ни е за уредувачката политика, нам жал ни е за Орданче. Звездана го наруга за сите пари.  

Стигнавме на дното, Вучиќ варијанта

Тоа што ние со онаа рубрика го правиме за документирање на медиумското невреме во кое живееме, Драган Вучиќ не сакајќи го прави за граѓанскиот материјал со кој сме опкружени. Кому не му е јасно дека такви медиуми плус таква публика секогаш ќе го даваат истиот резултат во кој денес се прпелкаме?

Кого го имаме на теренот?

Еднооки имаат еден одличен тазе скеч (на тема како вергла пропагандата) во кој во еден момент Латас ја најавува следната содржина со зборовите "На теренот го имаме најглупиот новинар". Еднооки се лузери. Се мачат, цртаат, анимираат, мозгаат.... Другари, кај може бе тоа боље од што е стварно?