Имајќи ги предвид тековните случувања, Триглав Осигурување, од понеделник, 16/03/2020 година воведува нов начин на пријава на штети, кој што ќе им обезбеди на нашите клиенти најефикасна поддршка во овие предизвикувачки околности.
Доколку имате потреба од пријава на штета во периодот што следи, Ве замолуваме да ги следите долунаведените насоки:
1. Доставете ја пријавата по електронски пат на нашата адреса steti@triglav.mk, вклучувајќи ја целокупната документација со која што располагате за штетата. Обрасците за пријава на штети се достапни нa следниот линк: https://www.triglav.mk/mk/prijava-steta.
2. За штетите на возила по автомобилска одговорност и каско осигурување, за кои што е потребен неодложен увид, можете да се обратите во експозитурите на Триглав Осигурување во периодот од 9 до 13 часот, секој работен ден. За сите останати штети, пријавата ќе се одвива по електронски пат на нашата адреса steti@triglav.mk.
Ве молиме, во случај на лична пријава на штета, да се погрижите да ги приложите сите основни документи неопходни за пријава на штета, а секоја дополнителна документација да ни ја доставите по електронски пат, на адресата steti@triglav.mk, при што треба да се повикате на бројот на штетата.
Ви благодариме и воедно се надеваме на разбирање и почитување на наведените вонредни мерки.
(Комерцијален текст)