Зошто комарците толку ти го имаат меракот

Не е лично до тебе, ама сепак има цела листа на фактори зошто комарците се посебно намерачени на околу 20% од човековата популација.

- Колку алкохол пиеш
Иако научниците уште точно не знаат зошто (дали заради количината на етанол во крвта или зголемената телесна температура), само едно шише пиво може да ја зголеми вашата привлечност за инсектите.

- Крвна група
Нулта група добива два пати повеќе убоди од оние од крвна група А, додека крвната група Б е некаде на средина.

- Колку вежбаш
Вежбањето создава млечна киселина во вашата пот и ја зголемува температурата на телото, што ве прави попривлечни за комарците.

- Бојата на облеката
Бидејќи комарците го користат погледот, заедно со мирисот, за да ги лоцираат луѓето, носењето на бои кои се истакнуваат (како црвена, црна или тегет) ве прави многу полесни за откривање.

- Бременост
Во неколку различни студии бремените жени имале два пати повеќе убоди од комарец отколку другите. Веројатни причини за ова е што тие испуштаат 21% повеќе јаглерод диоксид и во просек имаат повисока телесна температура од останатите.

15 јули 2013 - 10:04