Злото сокриено во зелениот чај

Како што обично бива со ултра здравите работи, по неколку години трубење за нив некој седнува детално да ги испита и во нив наоѓа нешто ултра нездраво. Овој пат на ред е зелениот чај.

Резултатите на истражувањето на една независна лабораторија, се сведуваат на две работи:

1. Голем дел од флашираните зелени чаеви не се ништо повеќе од зашеќерена вода, која содржи сосема мал дел од антиоксидансите на зелениот чај.

2. Дел од листовите на зелениот чај, посебно оние од Кина, се загадени со олово. Тука истражувањето покажало дека листовите не го испуштаат металот во пијалакот за време на варењето.

Студијата покажала дека подготвувањето зелен чај од листови (а не од кесичка) е најпотентниот извор на антиоксиданси (како epigallocatechin gallate или EGCG), иако со чајот во кесички произведен од Липтон или Бигелоу добивате најдобра вредност за пари.

"Лошата страна на евтиниот чај е што кесичките од брендовите како Липтон и Бигелоу во себе содржеле 1,25 и 2,5 микрограма олово. Ливчињата во Teavana (поскап бренд) не содржеле некоја мерлива количина."

Среќна околност е што оловото најчесто не завршува во пијалакот дури и по варењето.

"Ако го варите со кесичка, таа е доста ефективна во филтрирањето на најголемиот дел од оловото со тоа што внатре ги чува овие ливчиња. Па, се е во ред се додека не почнете да ги јадете листовите."

28 мај 2013 - 19:30