Вакцината за сипаници и понатаму не предизвикува аутизам

Во студија излишна како по своите резултати, кои само потврдуваат се што до сега знаевме, така и по веројатноста да разубеди и еден единствен човек што уште се нема помирено со ова, се заклучува дека нема никаква поврзаност меѓу вакцините за сипаници и аутизам.

Авторите на студијата објавена во Журналот на американската медицинска асоцијација се надеваат дека нивното истражување "еднаш за секогаш ќе стави крај на дебатата."

Во студијата во која учествуваат 95.000 деца, истражувачите не успеваат да најдат каква било поврзаност меѓу двете работи. Истражувачите прават и дополнителен чекор и ги испитуваат децата кои имаат семејна историја на аутизам: "дури и за децата во рамките на оваа високо-ризична категорија, тие откриваат дека нема поврзаност меѓу вакцините за сипаници и аутизмот."

Во изминатите 15 години повеќе американски сериозни медицински студии, ги истражуваат вакцините и нивните состојки, и секој пат потврдуваат дека се безбедни и ефикасни. Во 2004-та, Институтот за Медицина истражува голем број епидемиолошки докази и потврдува дека овие вакцини не предизвикуваат аутизам. Во 2011-та, истата група студира уште 8 други вакцини и открива дека и сега вакцините не предизвикуваат аутизам. Две години подоцна, Центарот за контрола на болести следи 256 деца со аутизам и истражува кој од нив има добиено вакцини за сипаници - и тие не откриваат никаква поврзаност. Подеднакво сериозни медицински студии од неколку држави низ светот потврдија дека хемикалиите кои содржат жива се потполно безбедни.

"Ако ова не претставуваше животен ризик немаше да биде важно што сите овие студии го побиваат митот за врската меѓу вакцините и аутизмот. Ама сега кога епидемиолозите се речиси сигурни дека епидемијата на сипаници од Дизниленд ја предизвика невакцинирано дете, време е да престанеме да имаме разбирање за родителите кои одбиваат вакцини затоа што истражувањата не се комплетни. Еве ви го вашето истражување: 95.000 деца, две децении наука," пишува Џошуа Криш во Вокатив.

23 април 2015 - 13:40