Пет кафиња на ден, од доктор

Американските власти објавуваат нови прехранбени препораки, меѓу нив надвор од сите очекувања, и препораката дека треба да пиете повеќе кафе, затоа што има минимални ризици, а и помага за срцеви заболувања и тип 2 дијабет.

Ќарот е во умерено пиење кафе, а дневната мерка им е 3 до 5 кафиња, или околу 400 милилитри (0,4 литри). Тие процениле дека просечниот Американец не ја постигнува оваа граница, и дека дневниот лимит му е околу 1 шоља кафе. Сличен просек како САД има и ЕУ, каде најголеми пијачи на кафе се Холанѓаните со 2,5 шољи на ден.

"Не ни помислувам да имплицирам дека кафето лечи рак - никој не го мисли тоа. Ама нема никакви докази за зголемен ризик, туку напротив, спротивно е," објаснува членот на комитетот што го изработи извештајот и нутрционист од Корнел Универзитетот, Том Брена.

Ова е прва одлука на комитетот "по 40 години молк на тема кафе," и се должи на се поголемиот интерес околу пијалоци со кофеин, и стравот од потенцијалните проблеми со нив.

23 февруари 2015 - 10:19