Ја сам рак машина

Ги знаете оние дизел крнтии во облик на автобуси, камиони и комбиња кои на нашите улици чурат црни облаци како да возат на запалени гуми? Е, па, рак.

Издувните гасови од дизел моторите се едни од најопасните предизвикувачи на рак, покажа студија на Светската здравствена организација. Нејзиниот огранок задолжен за испитување на аканцери ги преквалификува дизел гасовите од "можни" во "докажани" предизвикувачи на рак.

Со тоа, дизел моторот односно неговите нуспроизводи се вброија меѓу најопасните супстанци каков што е азбестот, арсенот, ипиритот и други.

Опасноста од нив велат дека е идентична со ризиците од пасивното пушење.

Одлуката за преквалификација на овие гасови била донесена по еднонеделна дебата на независни експерти.

Авто индустријата изрази загриженост заради ваквата одлука порачувајќи дека дизел моторите постојано се усовршуваат за да бидат безбедни за околината и човековото здравје.

Американската асоцијација порача дека одлуката на СЗО нема да ги промени нивните планови според кои во наредните години ќе дојде до пораст на бројот на дизел возилата.

13 јуни 2012 - 11:32