Дијабетес, уште малку

Анализирајќи ја комплетната реакција која го спречува панкреасот да произведе инсулин, докторите од Детската болница од Бостон успеаа да го откријат изворот на дијабетес, а тврдат дека им фали уште малку истражување за да најдат и лек за него.

Луѓето кои страдаат од тип 1 дијабетес, мораат да вшприцуваат инсулин за да го регулираат нивото на гликоза во крвта. Ова е привремено решение, кое меѓу другото може да има долгорочни последици за срцето, бубрезите, нервите и видот.

Се проценува дека моментално само во САД има 215.000 лица на возраст под 20 години кои имаат тип 1 или тип 2 дијабетес.

"Инекциите со инсулин го регулираат високиот шеќер во крвта со тоа што ги намалуваат нивоата на гликоза, ама ова не е лек," изјавил др. Паоло Фиорина од Одделот за нефрологија во Детската болница во Бостон.

Фиорина ја анализирал болеста следејќи го нејзиното развивање од самиот почеток. Неговото откритие е дека се почнува со ATP/P2X7R генот.

"Тие со текот на времето го изолираа ATP/P2X7R, кој ги активира нападите на Т-клетките на панкреасот, со што го онеспособува да создава инсулин," беше објавено на официјалниот блог на болницата.

"Идентификувајќи го ATP/P2X7R како првиот механизам во организмот од кој потоа се развива цела реакција, ние ја откривме изворната причина на дијабетесот," објаснува доктор Фиорина.

19 јуни 2013 - 10:28