Татко на годината со џекпот

Добитник на џекпот од 30 милиони долари од јужна Кина одлучил за парите да не им кажува ни на сопругата, ни на детето, не за друго, туку да не ги расипат парите и да станат мрзи.

Човекот идентификуван како г-дин Ли (тој во жолтото на сликата), сам влегол во канцеларијата на националната лотарија во Нанинг за да ја подигне наградата. И на самата церемонија тој носи жолт костум кој целосно го покрива.

„Не им кажав на жената и детето од страв дека ќе станат премногу лагодни и нема да работат или нема напорно да работат во иднина,“ изјавил Ли.

Ли донирал околу 700.000 долари во добротворни цели, а изјавил дека се уште не знае што ќе прави со остатокот од парите. По плаќањето даноци, на Ли му остануваат уште 23 милиони долари.

Човекот доаѓа од едно помало гратче (120.000 луѓе) и откако стапнал во Нанинг целото време го минал во хотел спиејќи, од страв дека ќе го изгуби добитното ливче ако излезе.

1 ноември 2022 - 14:51