Шампионат кој ѝ треба на Македонија

Во Сан Диего, за прв пат на национално ниво, Америка го бара својот шампион за смеење.

Турнирот е дел од конференцијата на Американската асоцијација за применет и терапевтски хумор и организаторот верува дека е тоа "следната голема работа" која ќе и се случи на земјата.

Подготовките биле сериозни и се најавува жестока конкуренција на кандидатите. Дел од нив толку веруваат во своите способности што се надеваат дека еден ден ќе можат професионално да живеат од своето смеење. 

Публиката ќе биде одлучувачки фактор а најдобрите ќе се изберат со елиминации.

Дека е озбилна работата сведочи и најавата од жирито дека нема да минат оние кои знаат да потегнат едно добро смеење. Напротив, талентот на кандидатите ќе се оценува од аспект на нивната разноликост и покажаното умеење во следниве стилови на смеење:

а) грохотно смеење од стомак;

б) "алабамско колено" (смеење од кое ти доаѓа да се маваш по колено);

в) манично смеење (смеење кое ги заразува останатите);

г) дијаболично смеење (ничим изазвано)

Национални турнири на смејачи се имаат одржано во Јапонија и Канада а од американските држави, свој шампион има избрано Калифорнија.  

6 април 2013 - 10:00