Понуда на денот, нова БМВ 5-ка за 2.000 долари месечно

Во САД БМВ започнува пилот програма во која членовите ќе можат да возат автомобили од каталогот на компанијата за претплата од 2.000 долари. Ова е основна претплата и во неа влегуваат автомобили како најновиот модел на Х5 или серија 5.

Понудата за сега има две нивоа, и со претплатата добиваш временски неограничен пристап до флотата на БМВ во текот на месецот. Освен основното од 2000 долари, предвидено е и „М“ ниво од 3.700 долари месечно.

Корисниците на „М“ нивото на претплата ќе имаат пристап до поскапи и полуксузни модели, вклучително и М верзии на БМВ автомобилите. Бизнисвик пресметува дека цената од 3.700 долари месечно е речиси 3 пати поголема од месечниот лизинг за БМВ М5 од 2018.

И двете нивоа на претплата вклучуваат сервис на возилото, чистење, осигурување и помош на пат.

Доколку тестот, за сега достапен само во Нешвил, се покаже како успешен, БМВ ќе воведе и трето, поевтино ниво.

4 април 2018 - 16:35