Градот во кој се прават фудбалите

Во еден град во Пакистан се произведуваат фудбалски топки. Многу фудбалски топки. Речиси половина од сите фудбалски топки кои се тркалаат по светов.

Се чини дека дека новите технологии кои ја зголемуваат ефикасноста на работата се шират брзо и мазно. Но, не е секогаш така. Една студија од пред 6 години која ги истражуваше овие текови во последните два века покажа дека земјите усвојувале револуционерни технологии (како производство на челик и електрификација) со просечно доцнење од 47 години.

Како инаку да се објасни дека денес, 40 проценти од вкупните светски фудбалски топки се уште се произведуваат на старински мануелен начин во еден град во Пакистан.

Градот се вика Сиалкоти, има 1,6 милиони жители и преку 100 фирми кои штанцаат фудбали. Веќе во 1892 година, во оваа некогашна британска колонија се произведувале топки за Светскиот куп.

Во една студија на Универзитетот во Колумбија која се занимавала со овој феномен, се претпоставувало дека под притисок на конкуренцијата од Азија и Кина, пакистанските занаетчии бргу ќе ја прифатат понудената нова технологија, со поинаков распоред на пентаграмите за да се забрза процесот на сечење и да се заштеди на материјал.

Но, само 34 фабрики го усвоиле овој метод. На истражувачите набргу им станало јасно дека е до работниците. Отпорот доаѓал од таа страна бидејќи додека ја учат новата кројка, тие би имале помалку произведени топки и помала плата.

Затоа, биле спремни дури и да ги лажат работодавците дека новото не чини и дека фирмата губи време и пари. Откако на работниците им била понудена парична награда ако работат по новата кројка, ситуацијата битно се променила.

Студијата е уште еден доказ дека за да успее една компанија, нејзините таргети и личните таргети на работниците мора да се синхронизирани. Доколку меѓу она што компанијата го сака и она што тие го очекуваат постои значаен јаз, тогаш иновациите не проаѓаат лесно.

4 јули 2014 - 20:38