Како БиБиСи го сотре ЕнБиСи на Олимпијадата

И да не се земе во предвид негодувањето на Американците за прекините за реклами и одложениот пренос на речиси сите настани од Лондон, БиБиСи на Олимпијадата се покажа неспоредливо моќен во однос на ЕнБиСи.

Во секој момент од Олимпијадата, БиБиСи истовремено нудеше преноси во живо на 24 различни канали, кои ги опфаќаа сите спортови што во еден момент се случуваа на Игрите. Во периодот од две недели, БиБиСи емитираше неверојатни 2.500 часови директна програма.

Освен за телевизиските гледачи во Британија, истите можности БиБиСи ги понуди и на својата веб-страна и плус како апликација за мобилни телефони (симната 1,5 милиони пати) и таблет компјутери.

На страна задоволството на гледачите, идејата зад сето ова е "самиот гледач да одреди за што ќе биде неговата Олимпијада." БиБиСи дури понуди и опција гледачите сами да си направат распоред што ќе гледаат.

Покрај преносите во живо, БиБиСи и јапонската телевизија NHK, ја снимаа целата Олимпијада во Super Hi-Vision, која е 16 пати почиста отколку стандардната ХД телевизија.

14 август 2012 - 13:52