Принц изветреа 4 милиони долари

Американскиот музичар доби судска наредба да врати 4 милиони долари на еден производител на парфеми затоа што не ги исполнил обврските да ги промовира нивните производи.

Принц беше тужен од компанијата Revelations Perfume and Cosmetics која од него очекувала сериозен ангажман околу промоција на нивната линија производи инспирирани од албумот од 2006-та,  3121. 

Компанијата успеала да му докаже на судот дека потрошила огромни пари на овој проект а дека ни Принц ни некој од неговата екипа сториле нешто да ги завршат своите обврски.

Принц одбивал да дава ПР интервјуа, да се појавува во продавниците на компанијата, да дели тестери на концерти а меѓу гревовите му се набројува и одбивањето да се појави на шоуто на Опра.

 

15 април 2012 - 23:24