Дали ѝ се гледа крај на кансел културата?

Луи СиКеј доби Греми

Луи СиКеј не дошол да си ја земе наградата ниту пак тоа било кажано на преносот на CBS, но лустрираниот комичар годинава сепак освои Греми за најдобар албум од жанрот комедија.  Засега нема посериозни реакции, па медиумите главно пренесуваат гневни твитерџии, уплашени од евентуален крај на ним омилената кансел култура.

Пет години откако беше системски канселиран од шоу бизнисот, ЛуиСикеј повторно освои Греми награда на 64-тото доделување на овие награди. „Sincerely Louis C.K“ победи во конкуренција на пет други натпреварувачи меѓу кои Кевин Харт, Луис Блек и Челси Хендлер.

Во 2017 година, Њујорк Тајмс најде пет жени кои изјавија дека Сикеј мастурбирал во нивно присуство. Тој брзо ги призна обвинувањата велејќи дека не размислувал дека нивното дозволување да го прави тоа е затоа што го обожавале па тој имал моќ над нив да прави такви егзибиции.

По признавање на гревовите, FX на чија мрежа се емитуваа неговите шоуа Луи и Подобри работи веднаш ги прекинаа односите со него, Луи остана без менаџер, Нетфликс го откажа најавениот специјал стендап, ХБО ја отстрани цела содржина со него од својата видеотека а Орхард се откажа од премиера на неговиот филм I Love You, Daddy.

Луи Сикеј во меѓувреме беше повлечен, имаше турнеја во Европа а и годинава ќе биде на стариот континент во мај и јуни, на шоуа кои главно веќе се распродадени.

4 април 2022 - 13:58