Каква Линдзи, таков Лохан

Таткото на Линдзи Лохан е уапсен поради обвинение дека на рехабилитациони центри во Флорида им носел имотни пациенти. Зависно од тежината на уловот, понекогаш добивал и по 25.000 долари за донесен зависник.   

Јужна Флорида важи за „рехабилитациски центар на светот“, но тоа реноме понекогаш било потпомагано со „продажни агенти“ од типот на Мајкл Лохан, контроверзниот татко на актерката и пејачка Линдзи Лохан која порасна и подостаре пред очите на јавноста бидејќи нејзиниот прв договор, за модната агенција Форд, беше потпишан кога таа имаше само три години. 

60 годишниот Мајкл Лохан е уапсен па пуштен со кауција која е мала (6.000 долари), но со дополнителни услови: да не припари ви ниеден центар за рехабилитација и да нема никакви контакти ниту со сведоците во случајот, ниту со други лица кои се борат со зависности. 

Обвинението против него вели дка тој за некои такви центри набавувал добростоечки муштерии, за што добивал паричен надомест, некогаш и по 25.000 долари од човек. Неговиот адвокат вели дека тој само спасувал зависници и дека за тоа треба да биде награден а не ставан зад решетки.

Изгледа се работи за добро организирана мрежа бидејќи во операцијата околу нелегалното набавување клиенти се уапсени преку 100 лица.

На Мајкл Лохан не му е првпат да се најде во затвор. Овој некогашен брокер во Вол Стрит има долга историја на проблеми и со законот и со семејството и со своите зависности а се смета дека неговото токсично влијание било пресудно што и Линдзи Лохан целосно се урниса па од девојка која некогаш добиваше по 8 милиони долари за улога, остана банкрот и со проблематично и скандалозно однесување поради чееста злоупотреба на секакви супстанци.

6 мај 2021 - 12:36