Замок во Шкотска или соба на Менхетн?

Просечна кирија во Бруклин е околу 3.000 долари а просечен апартман се продава за 1,4 милиони. За помалку пари може да се купи цел замок во Шкотска, како оние во Brave Heart.

Њујорк е место кој со цените се помалку е разбирлив за нормално човечко суштество. Кириите и цените на недвижнините се фрапантно високи при што за апартман на Murray Hill (со една спална) треба да се испружите 1, 3 милиони.

За нешто помалку, во Шкотска добивате цел замок. Вол Стрит јавува дека Шкотска станува извонредно интересна за купување недвижнини.

Просечна цена на топ локација изнесува 1,1 милион долари, далеку помалку од златните времиња во 2007-ма кога за истиот имот од фантазиите би се платило 1,8 милиони.

Половина од купуванките ги нправиле странци. Главно Нордијци на кои им одговара климата и Американци во потрага по своите корени.

2 септември 2013 - 09:02