Вера на празно конто не влегува

Русинка успева да измами купувачи на станови за вкупно 2 милиони долари, не ги зема парите за себе, не и се за на доктор, туку за црквата и требаат. Скиентолошката црква.

Екатерина Заборских во периодот 2012-2014 на повеќе Руси им продава станови кои треба да бидат изградени во Санкт Петерсбург од нејзината градежна компанија Олимп. Становите никогаш не се изградени, а парите завршуваат во нејзината црква.

Моментално објектите се до фаза дупки за темели, а според Комсомолскаја правда градежната компанија е затворена. Истрагата околу проневерата на парите, открива дека Заборских парите и ги префрла на Московската црква на Скиентологијата, во форма на донации.

Во 2014-та беше извршена рација во скиентолошката црква во Санкт Петерсбург заради обвинувањата за проневера на пари. Во јануари 2015 истото се случи и во Москва, каде беше собрана нивната финансиска документација.

Според полицијата двете акции се поврзани и на првата локација се најдени документи за трансфер на украдени фондови на сметката на организацијата во Москва. Според скиентолозите тоа што се случувало во Санкт Петерсбург немало врска со тоа што се случувало во Москва.

27 април 2016 - 16:13