Село гори, Германија воведува сиеста

Економијата која цел континент ја чека малку од малку да почне да дава знаци на живот, одлучи дека заради топлото време може е најдобро помалку да работат отколку до сега.

Препораката на еден од највисоките здравствени функционери е дека работниците во Германија треба да воведуваат пауза на сред ден нешто налик шпанската сиеста, за да ја издржат летната горештина која ја зафати Европа, вклучително и северот.

Препораката е за справување со горештината да се следат праксите од јужните краишта на Европа: да се станува рано и продуктивно да се работи наутро, по што би се направила сиеста на пладне.

Иако лани Германија масовно се посвети на наоѓање инвентивни начини за справување со студот, заради паниката од секнувањето на руските енергенси, таа речиси и да не обрна внимание на летните месеци и како да се оладат германските градови.

Додека тоа се реши, здравствените експерти препорачуваат работниците да добијат доволно вентилација и да им биде дозволено да носат полесна облека дур работат.

22 јули 2023 - 21:50