Џегер нема да им ги остави парите на децата

Право време е Мик Џегер своите деца да ги потсети на песната „You can’t always get what you want“. Во интервју за Волстрит Журнал, 80 годишниот фронтмен на Ролинг Стонси рече дека на неговите деца не им требаат 500 милиони долари за да живеат па богатството најверојатно ќе го даде за добротворни цели.

Џегер изјави дека не планира да го продава пост 71-ва каталогот на Стонси кој вреди околу половина милијарда долари и дека тој вреден багаж најверојатно еден ден ќе го подари за добротворни цели. На неговите деца тие пари не ми требаат, мисли тато.

„Не зезајте, што ќе им се 500 милиони долари за живот?“

Џегер има осум деца. Најстарата, Карис Џегер, има 52 години, најмалото дете, синот Деверо, само шест.

Во интервјуто, Џегер рекол дека ја разбира Тејлор Свифт која има проблеми со сопствеништвото на песните бидејќи и тие, до ден-денес, немаат права на нивните рани хитови.

Во едно друго интервју, за бавното вадење нови песни, Џегер потсети дека порано со Кит Ричардс живееле во иста соба па тоа било лесно. Денес живеат на различни континенти а Ричардс нејќе да се гледаат и да вежбаат на Зум.

29 септември 2023 - 11:16