Поевтино е да гориш пари отколку да имаш весник

Од 2000-та до 2013-та, вкупните приходи од реклами на американските весници паѓаат за 40 милијарди долари, од 63,5 на 23 милијарди долари годишно.

Во сижето на еден неодамнешен есеј на Брукингс институтот се заклучува дека кога се во прашање весниците "економското претерување би било тешко да се преувеличи."

Текстот го пишува поранешниот уредник на Вашингтон пост, Роберт Кајзер, кој објаснува дека профитот на неговиот весник кон крајот на 90-те изнесува 120 милиони долари, за денес да се во минус од 40 милиони долари. Тој исто така го споменува моментот во 1998-ма, кога компанијата решила дека не треба да инвестира во "еден неразвиен старт-ап наречен Гугл."

Иако не е злонамерно, Кајзер ја критикува индустријата за еден куп лоши одлуки што ги носи на зачетоците од дигиталните медиуми, и дека националните весници најверојатно "ќе ја платат највисоката цена за нивната апатија и мрзеливост од времето кога биле преполни со пари."

Во есејот Кајзер воопшто не е оптимист околу печатените медиуми, предвидувајќи дека "рекламите никогаш повеќе нема да бидат столбот кој некогаш биле":

- Креглист ја уништи индустријата на мали огласи кои некогаш носеа една третина од приходите на весниците.

- И малкуте пари што весниците ги правеа од он-лајн рекламите се намалуваат бидејќи се издигаат се повеќе веб-страни кои им се конкуренција на весниците.

- Бројот на весници во Америка е паднат од 59.000 во 1989-та на 36.000 во 2012-та.

Неговите процени се дека "непристрасното новинарство ќе се растури во невлијателни фрагменти, а на негова сметка ќе просперираат политички приврзаните медиуми."

"Денешните политичари, посебно оние од десницата, ги комуницираат 'своите' гласачи преку 'своите' медиуми... па 'вестите' кои некогаш помагаа во обединување на земјата сега се само уште еден извор на поделба," пишува Казјер.

28 октомври 2014 - 09:57