Германија забранува ГМО

Следејќи го примерот на Шкотска, Германија е на пат да воведе комплетна забрана за ГМО семиња и да излезе од блокот од ЕУ кој ќе почитува позитивните листи на генетски модифицирани организми.

Германија ќе го искористи рокот кој ЕУ им го даде на своите членки да излезат од друштвото кое ќе ги почитува ГМ лиценците одобрени од Унијата. 

Тоа го поздрави Шкотска, првата земја која забрани генетски модифицирани материјали за да го зачува својот "чист и зелен" лик.

Членките на ЕУ треба до 3-ти октомври да ја известат Комисијата дали излегуваат од блокот кој дозволува одобрени ГМО семиња.

Иако постои сериозна документација дека техниките на биомолекуларната технологија се безбедни, стариот континент останува поделен по ова прашање. Велика Британија прифаќа, во Германија и Франција отпорот е голем. Германскиот министер за земјоделство најави дека неговата земја ќе инсистира на целосна забрана на ГМО.

Светската здравствена организација ги наведува истражувањата кои велат дека некои хербициди, особено глифосатите, се штетни по здравјето и се потенцијално канцерогени.

26 август 2015 - 09:16